Некогаш театар и кино - Денес најубавата библиотека во светот
Престолнината на Аргентина, Буенос Аирес, може да се пофали со 734 книжарници, и освен што е неприкосновен светски победник во оваа категорија, исто така е и домот на „El Ataneo Grand Splendid“, прекрасна палата која во минатото била театар, па кино, а денеска неверојатна библиотека.
Во една од најголемите библиотеки во светот посетителите може да изгубат часови и часови помеѓу полиците.
Архитектот Фернандо Манцон детално ја проучил структурата на зградата, и се погрижил таванот, богатите орнаменти на ѕидовите, завесите на сцената и осветлувањето на аудиториумот да останат недопрени. На тој начин, ја зачувал автентичноста на објектот, каде што секое ќоше дише со историја и носталгија.
Библиотеката во својот состав има кафетерија во која страста кон читањето дополнително ќе ја зачините со омиленото кафе, удобни фотелји на секое ниво каде што може да потонете вртејќи ги страниците, како и ескалатори за полесно движење низ огромниот простор.
Со оглед на фактот што продажбата на книги во Аргентина е ослободена од стандардниот данок, книжарскиот бизнис како и библиотеките цветаат во оваа земја, а само минатата година El Ataneo ја посетиле над милион луѓе, носејќи дома околу 700.000 книги.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





