13 начини како да почнете од ново кога ништо не ви оди од рака
Понекогаш ни се чини како целиот свет да ни се превртел наопаку. Ни се чини дека колку и да се обидуваме да направиме некоја позитивна промена, сè како да завршува како што не сме планирале и очекувале.
Но, за да се вратите повторно на вашата патека, потребно е да направите неколку работи кои ќе ви помогнат да се соочите со тешките времиња.
Запомнете: Клучот на успехот лежи во тоа само да почнете.
1. Само неколку часа поминати на некое ново место, можат да ви помогнат да гледате поинаку на светот. Којзнае? Можеби и ќе најдете решение на проблемите во тишина и самотија.
2. Малите цели и успеси како „истрчав 2 километри“ можат многу да ви ја подигнат самодовербата. Не само тоа, не бадијала велат: „Во здраво тело, здрав ум“.
3. Полесно ќе размислувате и дишете во чист дом.
4. Луѓето со кои сме опкружени одредуваат како ќе размислуваме. Па, токму затоа, добро е „да каните“ нови луѓе во вашиот живот постојано.
5. Понекогаш најважно е да си дадете два три дена слободни за да се релаксирате и да си го разбистрите умот.
6. Нова боја на коса, нова фризура, шминка, облека... Можат да ви помогнат да гледате поинаку на себе.
7. Сосема е во ред да побарате помош. Побарајте совет од некој кој минал низ истото во животот, сигурно ќе ви даде идеја како да ги надминете тешкотиите.
8. Понекогаш проблемите и насобраните негативни емоции нè тераат да јадеме нездрава храна. Но, тогаш од најголема важност е да се храните здраво за да останете здрави.
9. Новите вештини значат нови можности.
10. Добар начин да се сетиме колку е светот голем и разновиден е да научиме некој нов јазик. Така и ќе сфатите дека не сте сами на овој свет.
11. Не мора да промените сè одеднаш. Започнете со мали чекори. На пример, наместо цела вечер да ја поминете пред лаптопот, обидете се да заспиете порано. За еден месец ќе се научите да си легнувате порано. Тогаш, којзнае, можеби ќе се откажете и од уште една лоша навика.
12. Стравовите нè кочат, а секоја мала победа значи многу. Надминете еден страв и самодовербата значително ќе ви се подигне.
13. Кога простуваме, минатото го оставаме зад себе и тогаш можеме да продолжиме понатаму.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





