7 работи кои ќе се случат кога ќе започнете да им се јавувате на пријателите наместо да се допишувате

2016-та е годината во која никој не може да живее без смартфон. Сигурно во моментов кога го читате ова, вашиот телефон светка или испушта звуци од нови известувања, кои без престан го бараат вашето внимание, а вие не можете да одолеете да не погледнете.

7-raboti-koi-kje-se-sluchat-koga-kje-zapochnete-da-gi-barate-prijatelite-namesto-da-se-dopishuvate-001_2.jpg

Признајте, зависни сте.

Зависни од нови пораки, постојаните пишувања со пријателите во групните разговори и чувството како жонглирате со милион работи во еден момент. Дишете длабоко и исклучете го телефонот. Добро, се шегуваме, не мора да го исклучите, но ако сакате да го подобрите сопствениот живот, тогаш пробајте да се јавувате секогаш кога ќе добиете порака. Звучи страшно? Можеби, но тоа е добро за вашето здравје.

Еве како:

1. Ќе почувствувате мир

Кога ќе ги исклучите известувањата од сите групи и апликации, кога ќе ја тргнете иконата од десктопот и кога ќе им кажете на пријателите да не ви пишуваат, конечно ќе почувствувате мир и тишина.

2. Ви се враќа фокусот

Известувањата, освен што одземаат време, тие одземаат и внимание, па кога ќе се оттргнете од светот на дигитализацијата, вие имате поголем ментален капацитет за да се справите со други активности. Вообичаениот хаотичен ден во канцеларија ќе ви стане умерен и дури ќе успевате да посветите внимание на сите нешта кои треба да ги завршите.

Според истражувањата, зголемувањето на внимателноста е комплетно нормално. Истражување од Универзитетот во Вирџинија вели дека онлајн известувањата предизвикуваат ADHD (Attention Deficit Hyperactivity Disorder) симптоми кои вклучуваат тешкотии при фокусирање, хиперактивност...

Кога ќе го промените начинот на кој го користите мобилниот, тогаш ќе успеете да се концентрирате и да бидете продуктивни. Ќе почувствувате како менталниот капацитет ви е зголемен и вашето ниво на продуктивност драстично ќе порасне.

3. Ќе ги продлабочите врските со пријателите

Сигурни сме дека имате барем еден пријател или пријателка кој е надвор од градот или од државата. И постојано се допишувате на сите социјални мрежи. Е, сега замислете тоа да не биде така т.е. да ги исклучите известувањата и за нив. Освен што ќе почувствувате длабоко спокојство, ќе ги продлабочите врските со пријателите. Се прашувате како?

Штом престанете да пишувате, тие личности ќе почнат да ви недостигаат и наместо да го прераскажувате секој ден преку пораки, ќе одвоите и ќе најдете време за да се слушнете кога ќе имате нешто важно да им кажете или едноставно ќе посакате да ги чуете.

Нема потреба да знаат дека денес сте задоцниле на работа, но имаат потреба да знаат дека ви недостигаат или дека се случила некоја голема промена.

4. Ќе ви се подобри меморијата

Време е повторно да зборуваме за менталните способности. Веќе видовме дека ако престанете да пишувате пораки и да го проверувате телефонот на секои 2 минути, ќе ви се подобри фокусот и автоматски ќе станете попродуктивни. Истото ќе се случи и со вашата меморија.

Ако сте посветен мултитаскер сигурни сме дека за да успеете да го преживеете денот, ги запишувате сите важни нешта. Ако имате прашање, пишувате порака за да го прашате колегата, ако правите планови со партнерот му пишувате порака.

Кога ќе започнете да се јавувате наместо да пишувате, ќе заборавите на неважните нешта и ќе се обидувате да ги запомните сите чудни прашања и приказни кои ви паднале напамет, за на крајот од денот да имате доволно „материјал“ за да се слушнете. Звучи едноставно, но пробајте и ќе видите колкав предизвик е.

5. Ќе ви се подобрат врските

Пријателите очекуваат подолги повици, вашата мајка се чувствува посебно бидејќи ви го слушнала гласот наместо да добие кратка и автоматска порака. Партнерот чувствува дека му посветувате време бидејќи наместо да гледате Нетфликс, вие зборувате за текот на вашиот и неговиот ден.

Ако ги исклучите известувањата на телефонот и наместо тоа започнете да им се јавувате на луѓето, ќе почувствувате голема промена во односите. Ќе се почувствувате исполнето, а истото ќе се случи и со луѓето околу вас.

Но, да бидеме искрени во денешно време тешко дека ќе издржите повеќе од една недела на ваков стриктен режим. Затоа, добро е одвреме-навреме да го практикувате ова. Ако ништо друго, барем за да ги задржите когнитивните способности. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
8 едноставни совети кои ќе ви го олеснат животот (а сигурно не сте ни слушнале за некои од нив) Како да ја исчистиме рибата од крлушките за 2 минути? Или да ги свариме јајцата ...
6 работи што на пријателите потајно им пречат кај вас, според психолози Пријателката постојано ви бара совет, а потоа носи сосема спротивна одлука. Ве о...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
7 погрешни потези поради кои изгледате како неуредна и некултурна личност Тропате со лажицата по филџанот кога ставате шеќер во чајот и носите хулахопки с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg