Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто понекогаш ви се чини како да паѓате додека заспивате?

Веројатно барем еднаш во животот ви се случило додека заспивате да ви се чини како да паѓате, но дали знаете зошто и како настанува ова чувство? Постои научен одговор за овој феномен.

zoshto-ponekogash-vi-se-cini-kako-da-pagjate-dodeka-zaspivate-001.jpg

Повеќето луѓе кои го искусиле ова чувство тврдат дека им се причинува како да паѓаат во некоја бездна, а потоа брзо се будат исплашени и со силно срцебиење.

Овој феномен е нормален физиолошки процес познат како миоклонус.

Кога спиеме минуваме низ неколку циклуси на сон поделени во четири различни фази. Чувството како да паѓате се случува во првата фаза.

zoshto-ponekogash-vi-se-cini-kako-da-pagjate-dodeka-zaspivate-2.jpg

Постојат неколку теории зошто се случува ова.

Едната е дека, мускулите се релаксираат, а вашиот мозок наеднаш се збунува и мускулите реагираат со брзо стегнување, затоа, се будите нагло и со силно срцебиење.

Други научници велат дека и миоклонусот е уште еден рефлекс кај луѓето кој настанал додека првите луѓе сè уште заспивале на дрвја. За да се спречи оваа прастара навика, настанал рефлексот.

Истражувањата покажуваат дека 7 од 10 луѓе го искусиле ова чувство барем еднаш во животот, но не претставува нешто за кое треба да се грижите, бидејќи е сосема нормална појава и не претставува знак за некаква сериозна медицинска состојба.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Која порака ја упатувате ако некому подарите орхидеја? Знаете ли што им порачувате на луѓето кога ќе им подарите розова орхидеја? Зн...
Одлики што им се заеднички на успешните луѓе, според психолози Покрај очигледната самодоверба, ако сакате да бидете успешни, важно е да презема...
Ефикасни начини како да се справите со манипулаторите, без да ги изгубите своите нерви Манипулаторите честопати го ловат вашето его: го преувеличуваат кога им треба не...
Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпува...
Факти за контроверзниот култ на Ошо во САД: Го нарекувале „секс гуру“, затруле луѓе со салмонела Заедницата на Ошо во САД била одговорна за мал биолошки напад врз жителите на гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg