Методот на Леонардо да Винчи: Како да научите на спиете само 4 часа?
Повеќе фазното спиење често се поврзува со името на еден од најпознатите генијалци, уметници и пронаоѓачи на Ренесансата, Леонардо да Винчи. За да има доволно време за своите идеи, тој морал да скрати на времето за сонување.
Тој не спиел 7 или 8 часа во текот на ноќта, туку по неколку пати во текот на 24 часа - начин на спиење кој уште се нарекува повеќе фазно спиење. Леонардо да Винчи спиел по 15 минути на секои 4 часа.
Времето кое повеќе не го употребувал за спиење започнал да го користи за неговата работа. Се вели дека да Винчи долго време го употребувал овој метод без да се чувствува уморно или ненаспано.
Години практикување и експерименти по да Винчи откриваат неколку ефикасни начини на повеќе фазно спиење:
1. Спиење по 30 минути на секои 6 часа
2. Спиење по 20 минути на секои 4 часа
3. Спиење по 1,5 до 3 часа во текот на ноќта, а потоа уште трипати по 20 минути во текот на денот.
4. Спиење по 2 часа и потоа напладне 20 минути.
5. Спиење по 5 часа во текот на ноќта, а потоа 1,5 часа напладе.
Важно е да запомните дека не сите организми делуваат подеднакво и не сите методи можат да функционираат на вас, па потребно е да го одредите методот кој вам најмногу ви одговара. Исто така, не смеете да возите или да носите важни одлуки сè додека не сте сигурни дека кратењето на времето за сон нема лоши ефекти на вас.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





