Што да правите, а што не ако почне да грми кога сте на плажа?

Немојте да се криете под шатор или тенда, а ако во близина нема затворен простор, и автомобилот може да ви понуди добра заштита.

shto-da-pravite-a-shto-ne-ako-pochne-da-grmi-koga-ste-na-plazha-01.jpg

Грмотевиците не се ретка појава на крајбрежните дестинации, но многу луѓе сепак не знаат како да се заштитат во вакви ситуации.

Ударот од гром може да биде смртоносен или, во најмала рака, да предизвика сериозни изгореници, па важно е да се засолните веднаш штом забележите бура.

Неколку работи што треба да ги имате предвид:

Дали има разлика ако сте на море или езеро?

Постои верување дека молњата има различен ефект во солена и слатка вода. И ова е точно, донекаде.

Солената вода е подобар спроводник на електрична енергија од слатката. Па, ако удри гром додека сте во солена вода, веројатно би претрпеле помала штета.

Но, ова не значи дека пливањето во солена вода е безбедно кога надвор грми.

Без разлика дали сте во езеро, море, река или океан, ако удри гром, речиси сигурно ќе се здобиете со изгореници, а може и да го изгубите животот.

Што значи, никако не влегувајте во вода ако надвор грми.

shto-da-pravite-a-shto-ne-ako-pochne-da-grmi-koga-ste-na-plazha-02.jpg

Кога грмењето станува опасно?

Без разлика дали сте на плажа или во вода, кога ќе видите молња или слушнете грмење, тогаш сте во потенцијална опасност.

Најдобро е веднаш да се заштитите и да чекате да поминат најмалку 30 минути од последниот гром пред да се вратите на плажа.

Дури и ако облаците се растргнати над плажа, па и го гледате сонцето, мора да почекате барем 30 минути за да бидете сигурни дека бурата е далеку од вас.

shto-da-pravite-a-shto-ne-ako-pochne-da-grmi-koga-ste-na-plazha-03.jpg

Како да се заштитите ако почне да грми кога сте на плажа?

Не се доближувајте до водата

Ако сте во вода, веднаш излезете и никако не се доближувајте.

Дури и ако ви се чини дека бурата е далеку, не заборавајте дека водата е мошне добар спроводник на струја, што значи електричната струја може да отпатува многу далеку, за многу брзо време.

shto-da-pravite-a-shto-ne-ako-pochne-da-grmi-koga-ste-na-plazha-04.jpg

Влезете во затворен простор

Кога грми, најбезбедното место на коешто можете да бидете е затворен простор.

Никако не останувајте на плажата, дури и ако ви се чини дека бурата ќе трае кратко.

shto-da-pravite-a-shto-ne-ako-pochne-da-grmi-koga-ste-na-plazha-05.jpg

Можете да се засолните и во автомобил

Ако не сте во близина на затворено место, и автомобилот може да ви понуди заштита.

Постои мит дека ако во автомобилот удри гром, може да ги повреди луѓето внатре.

Во реалноста, ако во автомобилот удри гром, може да предизвика штета на електричната инсталација и на надворешноста, некогаш и на гумите, но патниците кои се внатре се релативно безбедни.

Што значи, автомобилот во секој случај е побезбедна опција отколку да останете на отворено.

Секако, осигурете се дека прозорците се затворени.

shto-da-pravite-a-shto-ne-ako-pochne-da-grmi-koga-ste-na-plazha-06.jpg

Шаторите не се добро засолниште

Шаторите, тендите и слично, нема да ви понудат соодветна заштита.

Обично шаторите имаат метална рамка и се направени од материјали кои се спроводници на струја.

Па, можеби ќе ве заштитат од дожд, но не и од гром.

shto-da-pravite-a-shto-ne-ako-pochne-da-grmi-koga-ste-na-plazha-07.jpg

Како да се заштитите ако сте на базен?

За базените на отворено, важат исти правила.

Базените кои се во целосно затворен простор се безбедни, освен ако не се поврзани со надворешен базен.

Ако не сте сигурни, секако најбезбедно ви е да излезете од базенот и да почекате да помине бурата.

Но, избегнувајте да ги користите тушевите во јавен базен додека да помине бурата, бидејќи може да се поврзани со резервоар на отворено.

shto-da-pravite-a-shto-ne-ako-pochne-da-grmi-koga-ste-na-plazha-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
Збунувачки фотки што треба да ги погледнете двапати за да ви станат јасни Многу реалистичен графит, куче кое изгледа како да има многу долг врат… Многу...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg