Како да го надминете стравот од одбивање?

Луѓето се плашат, можеби повеќе од било што друго, да бидат одбиени од страна на другите.

kako-da-go-nadminete-stravot-od-odbivanje-01.jpg

Овој страв е широко распространет меѓу луѓето, но зошто е толку длабоко вкоренет во нас?

Во древните времиња во племенските заедници одбивање од заедницата можело да значи смрт. Затоа не е ни чудно зошто и ден денес сите сакаат да бидат прифатени од другите.

Сфатете дека стравот не е вашиот вистински непријател

Овој вид на размислување често ги убива можностите во односите. На пример, доколку погрешно верувате дека една група на луѓе ќе ве одбие, ќе станете нервозни, а можеби и непријателски настроени кон нив. Конечно, вашето однесување ќе доведе до одбивање. Заземете став. Наместо да му дозволите на стравот да управува со вас.


Оставете го вашето „ова е крајот на светот" размислување

Сите варијации на стравот, вклучувајќи го и стравот од одбивање, се базираат на „ова е крајот на светот" размислување. Со други зборови, нашите емоции не убедуваат дека непосакуваните резултати доведуваат до уништување.


Што ако не им се допаѓам? Што ако ме одбијат? Што ако не се вклопам?

Ниту една од овие работи не резултира со „ова е крајот на светот", но ако сте убедени дека токму тоа ќе се случи потсвесно ќе им дадете сила на вашите стравови и ќе им дозволите да ве контролираат. Луѓето во поголемиот дел од времето одбегнуваат свесно да размислуваат за проблемите, што само ги зацврстува нивните потсвесни стравови.


Запрашајте се што всушност значи „одбивање“

Ако J.K. Роулинг се откажала веднаш кога била одбиена од страна на повеќе издавачи денес немаше да го имаме Хари Потер.

Едно е сигурно: Ако им придавате премногу моќ на мислењата на другите, ќе станете нивниот затвореник. Никогаш не дозволувајте некој да го промени вашето мислење. Никогаш не го жртвувајте тоа што сте, или тоа што сакате да бидете само бидејќи некој друг има проблем со тоа. Никој ја немаа таа моќ да ве натера да се чувствувате мали и неважни, доколку не им ја дадете таа моќ вие самите.


Откажете се од вашата потреба секогаш да бидете во право

Причината зошто е толку силен вашиот страв од одбивање потекнува од вас, бидејќи еден дел од вас верува дека секогаш сте во право. Ако вашата перцепција е секогаш толку точна, зошто правите толку многу грешки?


Научете да уживате во својата индивидуалност

Ако постојано барате одобрување од другите луѓе, тоа значи сте загрижени дека другите ќе формираат негативни предрасуди кон вас. Ова ја уништува забавата, оригиналноста и спонтаноста во нашите животи. Ако сте доволно среќни да имате нешто што ве прави поразлични од другите, не се срамете од тоа. Уникатноста е бесценета.

Во овој луд свет во кој сите се обидуваат да бидат како сите други, пронајдете храброст да бидете оригинални. Доколку другите луѓе ви се смеат бидејќи сте различни, вие секогаш можете да им се смеете на нив, бидејќи се исти.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
Како да препознаете дали облеката што ја купувате е квалитетна (без разлика на цената)? Обрнете внимание на мирисот – ако облеката мириса чудно, дури и како некое хемис...
„Златни“ правила за удобно летање со авион, според стјуардеси Ако ве болат ушите, купете тампони за уши и не ставајте вредни работи, како лапт...
17 фрази со кои оддавате впечаток на личност со лоши манири Колкупати ви се случило да сретнете луѓе што ви се чини дека немаат ниту грам ку...
Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg