10-те најголеми трговски центри во светот – еден е во Истанбул
Dubai Mall во Дубаи, но и Istanbul Cevahir во Истанбул - кои се најголемите молови во светот?
Трговските центри ги има во (скоро) секоја држава и се популарни поради практичноста.
Покрај вообичаените продавници, внатре има ресторани, но и разни забавни активности. А, оние најголемите, наликуваат и на мали градови.
Најголемите трговски центри во светот се простираат на површина поголема од 300.000 километри квадратни и во некои од нив има над 1.000 продавници.
Кои се најголемите трговски центри во светот?
Површината во километри квадратни се однесува на просторот што може да се издава, односно просторот што го зафаќаат рестораните, продавниците, киносалите…
Siam Paragon во Бангкок
Siam Paragon е еден од најголемите молови ви Тајланд.
Има површина од околу 300.000 километри квадратни, а на паркингот има место за 4.000 автомобили.
Покрај продавниците, во објектот има 15 театри и киносали, аквариум, место за изложби, концертна сала и караоке центар.
Berjaya Times Square во Куала Лумпур
Со површина од 319.000 метри квадратни, Berjaya Times Square е една од најголемите градби во светот.
Во трговскиот има над 1.000 продавници, 65 ресторани за храна, како и најголемиот забавен парк на затворено во Азија.
Во склоп на објектот има и два хотела со пет ѕвезди.
Istanbul Cevahir во Истанбул
Лоциран на европската страна на Истанбул, Istanbul Cevahir е најголемиот трговски центар во Европа.
Површината на молот изнесува околу 322.000 километри квадратни, а внатре има над 300 продавници, 34 ресторани за брза храна и уште 14 ексклузивни ресторани.
Покрај тоа, во објектот има 12 киносали и мал ролеркостер.
SM Megamall во Метро Манила
Најголемиот трговски центар на Филипините дневно го посетуваат околу 800.000 луѓе.
Молот имаше површина од околу 334.000 километри квадратни.
Неодамна трговскиот беше реновиран и сега има над 900 продавници и ресторани и многу поголема површина.
West Edmonton Mall во Алберта
Моментално, ова е најголемиот трговски центар во Северна Америка.
Има површина од скоро 350.000 километри квадратни и над 800 продавници и ресторани.
Во трговскиот е сместен и најголемиот воден парк на затворено, а нуди и бројни други знаменитости, како киносали и терен за мини голф.