Потекло на мисионерската поза
Сите знаеме за изразот мисионерска поза, но дали некогаш сте помислиле од кога тоа мисионерите имале секс па ете баш по нив е наречена оваа положба?
Жената лежи на грб, со подигнати колена, а мажот врз неа. Со оглед на тоа дека мисионерите се занимавале со човекољубиви дела, чудно е како е врзано ова со нив.
Се е чиста случајност. Виновникот е господин Алфред Кинсли.
Мисионерската положба се појавува во уметноста на старите грци, египјани и старите цивилизации на Јужна Америка, Кина, Јапонија. Старите грци најчесто ја практикувале позата стоејќи се додека Артемида не проширила верување дека мисионерската положба е “единствена вистинска и природна“, затоа што ја потврдува доминацијата на мажот над жената.
Православната црква дошла до ист заклучок, а наводно била препорачувана и од Тома Аквински. Аргументите во таа насока – мисионерската положба е најдобра за оплодување па затоа останатите пози не се потребни и се сметаат за грев.
“Англиско американска положба“ = мисионерска.
Во минатото не се зборувало за мисионерска поза, туку секој јазик имал свој назив за неа. Студијата “Половото однесување на мажите“ од авторот Алфред Кинсли, во САД излегла во 1948 година. Тој ја објаснува мисионерската поза со терминот англиско-американска положба.
Понатаму бил прифатен изразот и во останатите јазици - Missionarsstellung, postura del misionero, position du missionaire.
Би можело да ве интересира:





