6 (изненадувачки) причини заради кои може да ви побараат да го напуштите авионот пред летање
Ако се расправате со стјуардесите или носите премногу провокативна облека, сосема возможно е да ве замолат да го напуштите авионот.
Патувањето со авион денес е подостапно од кога било и го практикуваат многу луѓе.
А, бидејќи во комерцијалните авиони никогаш не сме сами, постојат низа правила кои би требало да ги почитуваме.
Во спротивно, стјуардесите имаат право буквално да нè избркаат од авионот, секако зависи од нивото на толеранција на правилата на секоја авиокомпанија.
Неколку работи поради кои би можеле да се најдете во ваква ситуација:
Непристојна облека
Премногу провокативната облека може да ви создаде проблем и стјуардесите да не ви дозволат да влезете во авионот.
Секако, не мора да бидете закопчани до грло, но препорачливо е да се облечете пристојно бидејќи нема да бидете сами во авионот.
Недоволно место во авионот
Иако ретко, некогаш се случува авиокомпаниите да направат грешка и да продадат повеќе билети отколку што има седишта.
Во овој случај, некои патници немаат избор освен да се откажат од летот.
Сепак, во ваквите ситуации, авиокомпанијата е должна да компензира.
Користење пцости и непристојно зборување
Ако се изразувате вулгарно и притоа зборувате гласно, стјуардесите секако ќе ве опоменат, а ако претерате, можно е и да бидете замолени да излезете од авионот.
Непочитување туѓи религии
Не секој е верник и не секој верува во истиот бог (или богови).
И, во ред е да водите дебати на оваа тема, но ако навредувате нечија религија и користите погрдни зборови, постои можност да бидете избркани од летот.
Нарушување на мирот на другите патници
Ако премногу се опуштите и почнувате да им пречите на другите патници, тие секако дека ќе се пожалат.
А, ако не се согласите да бидете повнимателни, може да бидете избркани.
Критикување на авиокомпанијата (или екипажот)
Ако на глас почнете да ја критикувате авиокомпанијата, можно е да ви речат да го напуштите летот.
Секако, нормално е да имате жалби и поплаки, но важно е како ќе ги споделите.
Ако, пак, почнете да се расправате со некој од екипажот, па и да го навредувате, тогаш речиси сигурно ќе бидете избркани.
Спирова С. | Црнобело