Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Полиандрија, Левират, духовни сопружници: Неортодоксни форми на брак

Традиционалниот брак помеѓу маж и жена денес е универзална форма на брак, но порано постоеле различни концепти поврзани со бракот, а некои се практикуваат и денес.

poliandrija-levirat-duhovni-sopruznici-neortodoksni-formi-na-brak-01.jpg

Какви сè неортодоксните форми на брак постојат?

Полиандрија

Се работи за брак  на една жена со повеќе мажи. Овој систем историски бил исклучително редок. Денес се практикува во неколку изолирани села во Тибет.

Полиандријата служела како начин да се задржи имотот на семејството во региони со ограничени количини на обработливо земјиште и висока стапка на наталитет.


Левират и сурогат бракови

Според овој систем, бракот се смета за сојуз помеѓу семејствата по смртта на брачниот сопружник. Во овие бракови, мажот се жени со вдовицата на својот покоен брат. Ваков вид на заедница се практикувал во племенските заедници во Америка, Африка, Индија и Австралија.


Nikah Mut’ah

Популарен во древниот исламски свет, а се работи за една форма на привремен брак. Оваа форма на брак претставувала привремен договор помеѓу еден маж и една жена, со фиксен временски рок. Но, постоеле и ограничувања, односно тие можеле да се оженат само со муслимани, христијани или евреи.


Брак со духови

Оваа форма на брак е типична за Кина. Ваквиот тип на брачна заедница се практикувал од повеќе причини - еден од сопружниците починал пред да стапат во брак, а веќе биле верени, за да бидат сигурни дека семејното дрво ќе се продолжи или  да се одржи традицијата дека ниту еден помлад брат не смее да стапи во брак пред постарите.


Devadasi

Во оваа јужно-индиска пракса, млада девојка се мажела за божество или храм. Зборот „devadasi" во буквална смисла се преведува како „Божји слуга." Некои девојки биле венчани за Бог или храм, дури и пред да се родат. Тие морале да бидат атрактивни, интелигентни и квалификувани танчерки. Нивните  должности биле да пеат и да танцуваат во утринските и вечерните часови во чест на својот Бог.


Духовни сопружници

Племето Baule од Брегот на Слоновата Коска верува дека секој има духовен сопружник со кого е венчан во спиритуалниот свет. Тие се нарекуваат „blolo бian“ (маж од другиот свет) и „blolo bla” (жена од другиот свет). Со своите сопружници тие комуницирале преку соништата.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Џони Деп бил гостин, организираат погреб на лоши филмови – Што знаеме за „Дрвенград“ во Србија? „Дрвенград“ бил изграден за продукцијата на филмот во режија на Емир Кустурица „...
Луѓе на кои претчувството им го спасило животот: „Ја натерав мајка ми да одиме кај баба ми - таа има... „Кога забременив со првото дете, знаев дека тоа нема да заврши добро. По не...
Совети за безгрижно и безбедно пливање за време на менструалниот циклус Не носете влошки додека пливате. Со пливањето се намалува способната на тампонот...
Изгубена тежина, исчистено лице од акни: Фото-споредби кои прикажуваат неверојатни разлики „Промената која се случи со мојата кожа по 30 дена без шеќер“, „Лево е влош...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg