Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најбизарните амајлии за среќа во светот

Смешно е да се верува дека еден предмет може да одреди дали ќе имате добар или лош ден, односно среќа или несреќа. Но, ако сакате да делуваат треба да верувате во нивната моќ.

najbizarnite-amajlii-za-srekja-vo-svetot-01.jpg

Сфатете го тоа како плацебо ефект, дури и ако не постојат големи шанси дека нешто ќе се сврти во ваша корист, самата вера во позитивен исход може да ви ја зголеми шансата за успех.

Најдобрата работа е што секоја амајлија може да делува, бидејќи самата моќ доаѓа од вашиот ум, а не од самиот објект.

Кои се најбизарните амајлии?

Глави од мршојадци

Мршојадците имаат одличен вид, а се вели дека тие можат да ја видат дури и иднината. Оваа амајлија се употребува во Јужна Африка за среќа во карти, лотарија и сл.

najbizarnite-amajlii-za-srekja-vo-svetot-1.jpg


Maneki Neko

Се работи за јапонска амајлија за среќа. Нејзината употреба за првпат е документирана во 1870-та година.

Постои теорија дека оваа мачка станала популарна кон крајот на Едо периодот. Ако десната шепа и е подигната, ќе привлече пари, а доколку се работи за лева шепа, клиенти.

najbizarnite-amajlii-za-srekja-vo-svetot-2.jpg


Bezoar

Bezoar претставува „камен“ изваден од стомакот на некое животно. Составена е од животински секрети или неварени материјали како што се влакната.

Зборот bezoar доаѓа од персискиот збор што значи „противотров за отровот“. Ваквите амајлии се  користат за привлекување на среќа, психичко исцелување и заштита од отрови.

Доколку го носите околу врат ќе ве заштити од болести и лоша среќа. Во Кина ја користат како лек за мамурлак и болести на устата.

najbizarnite-amajlii-za-srekja-vo-svetot-3.jpg


Jatukam Ramathep амајлии

Се работи за невообичаено популарна амајлија која ја продаваат во некои будистички храмови во Тајланд. Се верува дека обезбедува заштита и среќа на носителот.

Оригиналните амајлии создадени се во 1987-та година од страна на еден тајландски полицаец, по име Khun Phantharak Rajjadej, кој верувал дека духот на Jatukham Rammathep му помогнал во решавање на тежок случај на убиство.

najbizarnite-amajlii-za-srekja-vo-svetot-4.jpg

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи кои општеството ги претставува како нормални, а се штетни (ги правиме и во Македонија) Oд родители кои вршат преголем притисок децата да им бидат успешни во сè до пром...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Чоколатца со грав и уште 9 работи што можете да ги видите само во Јапонија (фото) Автомати за сè, вклучувајќи и преливи за салати, како и тоалетни школки во лифто...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Популарни трендови за кои подоцна младите (сигурно) ќе зажалат „Родители што им даваат на децата да користат интернет и технологија без никаков...
10-те најголеми трговски центри во светот – еден е во Истанбул Dubai Mall во Дубаи, но и Istanbul Cevahir во Истанбул - кои се најголемите моло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg