Зошто замислуваме желба кога ќе падне ѕвезда?

Паѓањето на ѕвезди е феномен кој се јавува во атмосферата на Земјата. Порано, тој најчесто бил поврзуван со суеверие и лоша среќа.

zoshto-posakuvame-zelba-koga-kje-padne-dzvezda-01.jpg

Се верувало дека ако некој каже дека паднала ѕвезда ќе биде убиен или ќе биде фатен некој што е виновен, бегалец или војник. Ова верување посебно било силно во области кои имале чести војни.

На места каде што се верувало дека секој човек има своја ѕвезда, паѓањето на ѕвездата значело смрт на таа личност или летање на душата кон небото.

Некои народи веруваат дека се работи за змеј кој полетува и исчезнува, бркајќи ги ѕвездите.

Што се однесува до потеклото на посакувањето на желби, легендата вели дека доколку замислите нешто и верувате во тоа, желбата ќе ви се исполни.

Ова верување датира помеѓу 127-та и 151-та година, кога грчкиот астроном Птоломеј пишувал дека некогаш од љубопитност или здодевност Боговите не гледаат од небото.

Тој вели дека кога се случува тоа, ѕвездите понекогаш се лизгаат од небото и паѓаат на земјата, односно паѓање на ѕвездите значи дека Боговите ни посветуваат внимание.

Евреите и христијаните верувале дека се работи за паднати ангели или демони.

Луѓето од целиот свет имаат различни верувања за паѓањето на ѕвездите. Една заедничка работа што ја имаат е верувањето дека ѕвездите се извонредни.

На пример:

1. Во Швајцарија се сметало дека ѕвездите ја поседуваат моќта на Боговите.

2. Во Чиле треба да се собере камен додека паѓа ѕвездата.

3. На Филипините мора да се врзе марамче во јазол пред да падне ѕвездата.

4. Покажување со прст кон ѕвездата во Америка е лоша среќа.


Следен пат кога ќе падне ѕвезда, следете ги овие совети:

1. Секогаш имајте резервна желба.

2. Сетете се на Марфиевите закони. Во моментот кога ќе погледнете на друга страна, ѕвездата ќе падне.

3. Кога ќе видите ѕвезда која паѓа, не викајте и не покажувајте со прст нагоре. Прво посакајте желба, потоа сé друго.

4. И за крај, се разбира, не ја кажувајте никому желбата додека не се оствари.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Животни совети и лекции кои ги слушаме често, но не се секогаш корисни „Сè се случува со причина. Ова е ужасен совет за ситуација во која некој е жртва...
Емотикони што ве издаваат дека сте повозрасни (а за помладите се навредливи) Колку често ви се случило да бидете погрешно разбрани во писмена комуникација на...
Нуркање со ајкули и уште 19 опасни туристички атракции за „зависници“ од адреналин Дали би се качиле на зиплајн? А, дали би нуркале затворени во кафез покрај ајкул...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Смрт на брачен сопатник и уште 13 најтешки искуства во животот (ќе ги разберете само ако ги доживеет... Спонтан абортус, силување, хронична болест, смрт на дете... Кои се најтешките ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg