Македонци откриваат: Кој е најчудниот совет што го добиле, а се покажало дека функционира?

Грижи се за првото дете како да ти е второ; Не комплицирај и не анализирај, прашај директно макар и навредило некого - се дел од чудните совети што ги добиле Македонците. Дали и вие сте добиле некој слишен совет?

makedonci-otkrivaat-koj-e-najchudniot-sovet-shto-go-dobile-a-se-pokazhalo-deka-funkcionira-01.jpg

Колкупати во животот ви се случило некој да ви даде совет кој сте го занемариле затоа што ви делува смешно или неверојатно?

Но, што ако тие совети, колку и да се банални и смешни, сепак функционираат? Некогаш во животот можеби и „најголемата глупост“ ќе ви биде од полза.

Преку Инстаграм анкета ги запрашавме Македонците: „Кој е најчудниот совет што ви го дале, а се покажало дека функционира?

makedonci-otkrivaat-koj-e-najchudniot-sovet-shto-go-dobile-a-se-pokazhalo-deka-funkcionira-02.jpg

Добивме интересни одговори:

1. „Господ и рогови да ти даде - ќе си ги носиш“, во смисол, што и да ти донесе животот (болест, на пример), треба да прифатиш и да се носиш со тоа. И кај мене навистина функционираше“.

2. „Како и да пееш, секогаш ќе се најде некој што ќе игра на твојата песна“.

3. „Ако го штипнеш местото што те чеша, ќе ти помине побрзо“.

4. „Кога ќе го ‘отераш’ некој во 3 лепе п.м., повеќе те цени и почитува“.

5. „Не комплицирај и не анализирај (да толчиш мозок) - прашај директно макар и навредило некого или нешто“.

6. „Грижи се за првото дете како да ти е второ, за да си опуштена и да уживаш во процесот“.

7. Fake it till you make it - знам дека е на англиски, но познат е и глобално: Ако треба и излажи за некои работи, но потруди се да успееш во животот“.

8. „Не им позајмувај пари на пријатели“

9. „Колку повеќе трчаш, полесно ќе ти биде трчањето“.

10. „Ако те заболат синуси, на чепкалка за уши стави свинска маст и битни го стапчето колку што можеш подлабоко во носот. Звучи дебилно, ама функционира“

11. „Најевтино е кога ќе платиш“.

12. „Биди стрплива, ќе помине - ова секогаш ми било клише, но вистина е, зашто поминува и доброто и лошото“.

13. „Бркај си ја твојата работа“.

14. „Кога ќе те навредат не враќај, туку подари им насмевка. Некои луѓе сакаат да се чувствуваш лошо, а твојата насмевка ќе ги уништи“.

15. „И тоа што го знаеш, прави се дека не го знаеш“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животни совети и лекции кои ги слушаме често, но не се секогаш корисни „Сè се случува со причина. Ова е ужасен совет за ситуација во која некој е жртва...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските? Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...
Луѓе откриваат зошто нагло се здебелиле – и не е само поради лоша исхрана „Кога ми се појавија проблемите со тироидната жлезда, се здебелив 13 килограми з...
Македонците најмлади стапуваат во брак на Балканот - во кои земји се чека најдолго? Според податоци на Евростат од 2021 година, во просек, Македонките стапуваат во ...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg