Нека ве инспирира дождот

Има луѓе кои воопшто не го сакаат дождот и обично кога врне мрморат повеќе од капките и се нервираат за дождот. Има и луѓе кои го обожаваат дождот, капките им се инспирација за пишување, креирање, создавање. Луѓе за кои дождот е најубавото нешто кое може да им се случи во текот на денот.

neka-ve-inspirira-dozdot-01.jpg

 Посакуваме да бидете во таа втората група на луѓе, ве инспирираме да го засакате дождот!

Фотосесија на дожд

Не плашете се да излезете надвор, на дождот и да уживате во прегратките на вашиот најмил. Понесете некој симпатичен чадор, повикајте професионален фотограф и имајте заедничка, романтична фотосесија на дождот. Или само шетајте по празните улици, гушкајќи се. Сигурно добро се сеќавате на онаа сцена од Notebook, каде Рајан Гослинг и Рејчел МкАдамс се бакнуваа на дождот.


Разгалете се

Непишаното правило „Сакај се себеси, за да те сакаат и другите“, на дождлив ден ќе ја добие формата „Разгали се, за да те разгалуваат“. Кога врне, дозволете си разгалување, долго, со часови. Одете во козметички салон, направете си маникир или педикир, поминете неколку часа во спа центар или во фитнес центар. Вежбајте, пливајте, извадете ја од вас цела непотребна негативна енергија и вишокот килограми.


Проширете ги хоризонтите

Одете до вашата омилена книжарница. Откријте нови наслови. Направете чај или кафе. Уживајте во пишаниот збор. Читателот секогаш живее два животи, својот и оној на неговиот омилен лик од книгата.


Чистете во хумани цели

Направете ревизија на непотребните работи во вашите фиоки или плакари. Цела онаа облека и чевли кои веќе не ги носите, а само собираат прашина тргнете ги од вашиот дом. Наместо да ги фрлате во најблискиот контејнер, донирајте ги!

На крајот од денот, кога во омилените пижами ќе легнете на перницата, со исполнета и мирна душа, тропотот на дождот по прозорците и олуците ќе биде вашата најубава приспивна песна.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg