Психолошки трик: Како да ги натерате луѓето да ви направат услуга?
Барањето на помош или услуга од другите знае да биде прилично стресна работа. Дали ќе им пречите со вашето барање? Дали ќе си помислат дека ги искористувате? И дали воопшто ќе се помачат да ви помогнат?
За среќа постои лесен начин како можете да го направите тоа и да бидете успешни.
Според Роберт Калдини, авторот на книгата „Влијание: Психологија на убедувањето“, постои многу едноставен начин како можете некого да го „натерате“ да ви помогне – прво треба и вие да направите нешто корисно за нив.
Овој процес го нарекува „правило на реципроцитет“ кога луѓето ќе ви помогнат ако чувствуваат дека ви се должни за нешто.
Така на пример, ако сакате некој колега да провери како сте го напишале извештајот и дали имате некакви грешки, неколку дена пред тоа можете да му/и купите ручек .
Клучен дел во сето тоа е како ќе го натерате да мисли на тоа што сте купиле ручек. Наместо да кажете „нема на што“, треба да кажете „Нема проблем, за тоа служат колегите“.
Постои и истражување кое ја потврдува точноста на ова правило. Во еден експеримент келнерите им давале на потошувачите парче чоколадо на почетокот и ги нуделе со уште едно парче пред да ја платат сметката. Бакшишот се зголемил за 21%.
Истражувачите велат дека ова правило на реципроцитет објаснува зошто луѓето чувствуваат обврска да возвратат на дарежливоста на келнерите.
Токму затоа оваа стратегија можете да ја употребувате секогаш кога имате потроба од услуга.
Нема да чувствувате како да и пречите на личноста од која ќе ја побарате услугата, а таа ќе ви возврати со добро дело, бидејќи чувствува обврска да го направи тоа.