Да се биде сингл е така добро!
Нема поголем страв кај девојките од помислата дека се сами. Ретки се оние дами коишто не се плашат од самотијата и максимално уживаат во неа.
Најдобрата работа којашто една жена може да ја има после врска којашто ја „исконсумирала“ во недозволени количини, штетни по здравјето, е токму слободата. Не се плашете од раскинување, кога знаете дека на пеперутката во Вас, Господинот Погрешен и ги потсекол крилјата.
Откако ќе си ги добиете крилјата назад, немојте во никој случај да помислите на затворање дома и паѓање во депресија.
Дозволете си луксузен спа третман и масажа кај најдобриот масер во градот. Забележувајте го секој маж кој ќе пројде крај вас, но останете сингл за психички одмор.
Одберете црвен фустан, црвен кармин и лак за нокти во истата боја. Почнете да ги правите сите оние работи коишто сте ги планирале, а сте немале време заради вашиот партнер.
Мажите сакаат самоуверени и насмеани жени. Но, вие мора да научете како да одолеете на предизвикот наречен врска. Тоа помага за да не влетувате од една во друга врска, притоа повредувајќи се себеси и вашиот нов партнер.
Сингл животот нуди некои огромни поволности: седење во вашите омилени пижами без некој да ви кажува дека веќе се излитени, калорични оброци, излегувања со пријателките се до раните утрински часови, шопинг се до последната цифра на картичката, најпровокативните бикини без љубоморни испади, флерт со сите мажи на коишто ќе им фрлите окце... Дозволени се и телефонски повици во три часот наутро, но не кај бившиот.
Во моментот кога ќе сфатите дека и во сингл животот може да опстанете без доза на гнев и очај, тогаш сте преболеле сè од претходната врска. Но, тоа не значи да се впуштате во нова.
Дајте си време, живејте го секој миг, а она што е ваше, еден ден без некоја помпезна најава ќе се појави на вашиот праг. Тоа е она вистинското.
Автор: М.К. | Црнобело