Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тогаш го живееме животот!

Нема ништо поубаво од тоа некој мене да ми раскажува приказни. Кога бев сосема малечка сакав да ми ја раскажуваат приказната за Пепелашка... И сонував, толку свесно копнеев дека еден ден ќе го имам најубавиот фустан, кралската круна, блескави дијаманти, кристални чевлички и принц на бел коњ.

togas-go-ziveeme-zivotot-01.jpg

Денес на себе имам партали, а наместо принцот ќе дојде само коњот во бело фиќо. Но, да знаете посреќна сум од Пепелашка. Затоа што моето живуркање не трае до полноќ, туку цел еден живот.

Толку многу имав, а ми личеше малку..Што имав? Имав љубов во себе за светот околу мене, имав милион подарени насмевки од странците на улица кои случајно поминувале покрај мене.... Имав право да сонувам, да мечтаам, да копнеам дека можам да летам. И летав , летав во соништата...  А, кога ќе се разбудев, реалноста ме допираше и мислев дека е премногу сурова... Но, сфаќам дека ова се уште е прекрасен свет.

Не сакам да ви филозофирам, не би го направила тоа најдобро. И јас грешам, сосема човечки, како и Вие.  Човечки е да се греши, но да се истрае во тоа е ѓаволски.

Сфаќам дека знам само една вистина. Вистина е дека светот е составен од неколку големи вистини и милиони мали лаги... Вистина е дека вистинското богатство е во срцето, а не во паричникот. Вистина е дека малите деца се главоболка, големите -инфаркт. Вистина е дека некои луѓе и некои настани вечно ќе ги паметиме. На нив ќе се сеќаваме по убавите спомени што оставиле траги во нас.  Тие луѓе и тие настани се осудени да бидат запечатени во нашата свест како најубав дел од животот, пропратен со многу силни емоции.  

Тоа е дел од животот во кој се работи за живот и смрт, кога го сфаќаме значењето на животот и неговата вредност.  Тогаш успеваме да ја разликуваме вистината од лагата и љубовта од омразата. Тогаш се запознаваме себеси. ТОГАШ ГО ЖИВЕЕМЕ ЖИВОТОТ!

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg