Заблагодарувањето е мајка на остварувањето!

Сигурно веќе знаете дека сè што вашиот мозок, односно вашата потсвест помислува и посакува, истото го остварува со ваша помош.

zablagodaruvanjeto-e-majka-na-ostvaruvanjeto-1

Но, како го прави тоа сè уште не знаете, нели?

Време е да дознаете како функционира тоа остварување на желбите и зошто доколку вие постојано замислувате цели и желби, истите потсвеста не ги постигнува или остварува преку вас.

Секоја мисла што ви доаѓа во главата, доколку истата се задржи во мисловниот процес околу 10 секудни и повеќе, таа преминува во заповед за потсвеста, односно вашата потсвест ја прифаќа како работа која треба да ја изврши.

Но, тука не завршува целиот процес на остварување на било што, бидејќи не е сè така едноставно како што изгледа.

Доколку сакате нештото кое сте го замислиле или посакале, навистина да ви се оствари со помош на потсвеста која ќе ви даде инструкции како истото да го постигните или остварите, потребно е да кажете два магични зборови кои влијаат неизбежно врз потсвеста.

Тие два збора се „Ти благодарам!”

Тајната на овие два зборови лежи во потсвеста која ги прифаќа како веќе постигна цел или остварен сон штом вие се заблагодарувате за истото.

Сигурно сфаќате за што станува збор, нели?

Доколку посакате нешто и во истиот момент ја прелажете потсвеста со овие два зборови како на пример „Ти благодарам што ми помогна да заминам на долго посакуваното патување”, во тој момент потсвеста ќе се прелаже и истата ќе бара докази за она што го сторила и ќе ви даде јасни инструкции како истото го направила, а всушност не го направила.

Поради тоа од денес заблагодарувајте се за сè што сакате да постигнете или остварите како веќе да го имате постигнато или направено истото.

Неговата реализација е неизбежна бидејќи заблагодарувањето е мајка на остварувањето, а вие сте нејзиното дете кое треба да ја научи животната лекција која ќе ве научи како да добиете сè што поскаувате во животот со помош на вашата потсвест која секогаш ќе ви стои на располагање.

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg