Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што кажува вашиот избор на појадок за вас?

Во денешно време сè што правите во животот открива нешто за вашиот карактер.

sto-kazuva-vasiot-izbor-na-pojadok-za-vas-1

Овој пат погледнете што ќе открие вашиот избор на појадок за вас, потсетете се што најчесто појадувате наутро и проверете.

Палачинки

Вие сакате да го живеете животот на висока нога и сонувате да заминете еден ден од земјата. Не станувате рано, сакате да се наспиете до доцна, посебно во викендот кој ви е омилен од сите денови во неделата.


Тост

Постојано размислувате, едноставните работи ги претворате во комплицирани со тоа претерано размислување, но затоа никогаш не правите големи грешки во животот. Не сте ранобудник кој ужива во изгрејсонцето, вие уживате во првото попладневно кафе после спиење.


Житарици

Приврзани сте за семејството и старите детски навики кои ги вкоренила вашата мајка во вас. Житариците кажуваат дека вие сте личност која е насочена кон здрав начин на исхрана, единствена грешка во тој поглед ви е тоа што понекогаш го прескокнувате појадокот.


Чаша млеко или јогурт

Не сте баш утринска личност и наместо да каснете нешто вие порадо би се напиле чаша млеко или јогурт колку да не ви биде празен стомакот. Познати сте по својот забавен темперамент кој го обожаваат сите ваши пријатели.


Кроасани, кифли...

Динамична личност која секогаш негде брза, сака да станува рано и сака да се движи постојано. Кога во кујната би немало кроасани, кифли или други пецива за појадок, вие веднаш по пижами заминувате до пекара или продавница со поголема желба да се раздвижите отколку да јадете.


Овошје

Ако овошната салата или салата со зеленчуци е вашиот појадок, вие се грижите за својата линија и уживате во здравата исхрана бидејќи знаете дека тоа што го внесувате, секогаш се одразува врз физичкиот изглед и убавина. Не сте ранобудник, но исто така не сакате да се излежувате до доцна, порадо би трчале во парк или би заминале во теретана.

sto-kazuva-vasiot-izbor-na-pojadok-za-vas-2

Кајгана

Животот ви е најубавиот подарок од Бога и станувате рано наутро за да му заблагодарите што повторно сте добиле 24 часа за дишење и уживање. Проблемите за вас се минлива работа, бидејќи сметате дека не постои проблем без решение. Понекогаш станувате многу рано, а понекогаш знаете и да се напиете до пладне.


Кафе и цигари

Едно кажува овој „појадок” за вас, не сакате никој да ви зборува сè додека не го испиете првото или можеби четвртото кафе и да ја испушите првата цигара.

Што јадете најчесто за појадок вие?

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg