Никогаш не го убивајте детето во вас!

Соочени со секојдневните проблеми, работа и семејство или пак факултет често забораваме како е да се забавуваме како деца. Децата уживаат најмногу бидејќи се искрени, чисти и знаат како да се насмеат од срце, правејќи работи кои им причинуваат задоволство, со или без нечија дозвола.

nikogas-ne-go-ubivajte-deteto-vo-sebe-1

Се сеќавате ли на вашето детство? Сигурно истото било безгрижно и исполнето со среќа и љубов, за разлика од вашето денешно секојдневие на возрасна личност.

Пробудете го детето во себе уште денес и уживајте во бенефициите кои таквото детско однесување ви ги пружа. Ако сте дете тогаш...

Ќе им се смеете на проблемите

Освен што нема да се нервирате околу ситници, вистинските проблеми ќе ги решавате со опуштеност знаејќи дека секој проблем има две решенија и нема потреба да бидете под стрес поради нив.


Ќе бидете опкружени со позитивна енергија

Постојано ќе кажувате шеги и ќе бидете во сечие друштво бидејќи нема да постои некој што не би посакал да се дружи со вас. Вашата насмевка ќе биде заразна исто како на мало дете кое кога ќе ви се насмевне на улица не може, а да не му возвратите со насмевка и вие.


Ќе се зближите со вашите родители

Однесувањето на дете кое ќе ги потсети вашите родители како им било додека сте биле мали и палави и ќе ги натера да се зближат повеќе со вас. Наместо постојано да се однесувате како возрасна личност која знае да се грижи сама за себе, оставете барем еднаш вашата мајка да се погрижи за вас или да ви направи вечера, верувајте мајките го сакаат тоа.


Ќе љубите искрено, од срце!

Доколку го задржете детскиот дух во вашите мисли исто така ќе ја зачувате способноста да сакате како дете, искрено, без лоши намери и беусловно. Задржете го детето во себе, секогаш, смејте се како дете, уживајте како дете, љубете како дете и радувајте се на ситници, бидејќи тие се оние што го разубавуваат вашето секојдневие, исто како што едно лижавче може да го разубави денот на едно дете!

nikogas-ne-go-ubivajte-deteto-vo-sebe-3

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg