Братската и сестринската љубов се доказ дека никогаш нема да бидете осамени!

Кога ќе се почувствувате осамени, потсетете се дека имате брат или сестра кои се секогаш тука за вас, без разлика на сè.

bratskata-i-sestrinskata-ljubov-se-dokaz-deka-nikogas-nema-da-bidete-osameni-1

Доколку сте единец, не се разочарувајте бидејќи вашите родители и роднини се замена за нив, на кои доколку им обрнете повеќе внимание ќе забележите дека тоа е навистина така.

Кој бил таму за вас, кога ви било најтешко и кој никогаш нема да ве остави на цедило? Сигурно одговорот е братот, сестрата или семејството, четврто не постои.

Ова се уште неколку докази дека братската и сестринската љубов е нераскинлива и безусловна.

- Секогаш кога сте во финанси кризи братот или сестрата се тука да ви помогнат, без да чувствувате должност кон нив.

- Братот или сестрата знаат да дадат искрен совет и критика за разлика од вашите пријатели.

- Братот и сестрата се секогаш тука за вас кога сте соочени со физичка пресметка без разлика колку личности се од спротивната страна. Доколку е потребно би останале со вас иако сте сами вие двајца наспроти десет души.

- Вашиот брат или сестра е секогаш тука за вас да се грижи кога сте болни и да ви направи супа или чај.

- Братот или сестрата се единствени личности со кои може да бидете навистина искрени и прифатени од нивна страна без осудување и без разлика на тоа што ќе излезе од вашата уста.

- Братот или сестрата секогаш ќе го поделат јадењето со вас, иако можеби пакетчето смоки сакале да го изедат сами.

- Братот или сестрата секогаш ќе ве донесат дома кога сте во пијана состојба, ќе ве одведат во вашата соба и ќе ве преслечат, а изутрина ќе се преправаат како ништо да не се случило.

- Братот или сестрата никогаш нема да ги издадат вашите тајни.

bratskata-i-sestrinskata-ljubov-se-dokaz-deka-nikogas-nema-da-bidete-osameni-2

- Тишината во друштво на братот или сестрата е пријатна, никогаш нема да почувствувате непријатност доколку нема што да зборувате со нив. Едноставно уживате во нивното друштво молчејќи.

- Братот или сестрата секогаш ќе ве сакаат безрезервно.

Имате ли нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Како изгледаат градинките во Кина: Децата готват на печки на дрва, мешаат малтер Деца од градинка сами мешаат малтер и градат шпорети за готвење. Сами носат дрва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg