Историја на празноверијата: Зошто три пати чукаме во дрво и дали скршеното огледало носи несреќа?
Зошто не е добро црна мачка да ви го пресече патот или да скршите огледало? Сите одговори на овие празноверија кои се протегаат со децении и генерации, откријте ги во продолжение.
Зошто скршеното огледало носи несреќа?
Во стар Рим било прифатено мислењето дека огледалата ја содржат душата на личноста која се наоѓа пред стаклото. Токму затоа, нивното кршење се доживувало трагично, како симбол на растргнатата душа.
Зошто три пати чукаме во дрво?
По старото паганско верување, дрвото има душа и кога ќе се пресече, добрите духови стануваат лоши и носат лоша среќа. Се верува дека чукањето во дрво ги растргнува овие лоши духови.
Зошто не се поминува под скала на расклопување?
Старите христијани биле убедени дека скалите на расклопување се во вид на триаголник и се симбол на светото тројство. Што значи, личноста која ќе се прошета под скалите го уништува единството на Отецот, Синот и Светиот дух. Така, истата таа не заслужува ништо добро да и се случи во животот.
Зошто црните мачки носат несреќа?
По ширењето на христијанството во Европа, црните мачки биле поврзувани со времето на паганството, кога биле симбол за добра среќа. Спротивно на тоа, црните мачки станале симбол на злото од кое никој не може да се заштити.
Зошто петок 13-ти се смета за несреќен?
Се верува дека за ова верување е одговорна вечерата со 12-те апостоли и Исус Христос, одржана во петок. Така, оваа комбинација на бројка и ден засекогаш останала запомнета како не баш среќна.
Стоењето на пукнатини носи несреќа?
Во почетокот се верувало дека низ пукнатините во земјата излегуваат злобни духови, па луѓето упорно се обидувале да ги избегнат.
Зошто отворениот чадор во затворен простор има негативно влијание?
Првите чадори биле прилично цврсти и гломазни, па заради тоа и прилично опасни. Кога ќе се отвореле во затворена просторија, постоела голема шанса металните краеви да завршат во нечие око.
Дали прекрстените прсти навистина носат среќа?
Прекрстените прсти се гестикулација која се правела како обид за формирање на крст од времето кога се верувало дека тој носи среќа. Денес, овој симбол несвесно се претворил во очаен обид за среќа додека професорот го чита вашето име или ви претстои важно случување кое сакате да заврши со успех.
Пропуштивме нешто? Слободно дополнете ја листата во коментарите!