Што се крие под бикините: Бојата открива на што сте подготвени ова лето!
Изборот на бојата на бикините зависи и од модните трендови, но и од личните афинитети. Таа може многу да открие за вашата личност и афинитетите кои ги имате.
Дали сте независна и сигурна личност или се плашите и имате мала самодоверба? Дали барате некој во кој ќе се заљубите или само добра забава? Сето тоа може да го каже бојата на вашиот костум за капење.
Која е вашата боја?
Црна
Најверојатно во овој момент барате заштита од каква било негативност. Вие сте независна личност, која сака контрола. Моментално не сакате да експериментирате и одите само на сигурно.
Зелена
Сега ви е потребна љубов и нежност. Не сакате да се криете, а на другите им дозволувате да ве читаат како отворена книга бидејќи не се срамите од своите емоции.
Жолта
Сакате независност и многу сте пребирливи во однос на друштвото. Попрво би биле сами, отколку да се придружите на некој кој не ве интересира.
Сина
Ви треба мир и спокој, а не само забава. На плажа уживате во самотијата и размислувате за она што ви се случува. Уживате во самокритиката.
Црвена
Амбициозни сте и натпреварувачки расположени. Сакате да се докажувате и да се вклучите во разни активности. Ви одговара да бидете во центарот на вниманието.
Портокалова
Уживате во дружењето, расположени сте за забава и многу сте интересни, па знаете да привлечете внимание.
Уште 6 бои на бикини на следна страница...