Да го запреме „лудилото“: Брутална кампања за перцепција на убавината
Време е да им се каже „Стоп“ на рекламите за совршена убавина и секој да се чувствува удобно во сопствената кожа.
„Да се запре модното лудилото“ е американска кампања која е покрената од Робин Рајс и Лиса Меде кои сакаат да им се спротивстават на сите модни блогови и едиторијали кои ги наметнуваат совршените пропорции, а со тоа прават многу луѓе да се чувствуваат незадоволно и да не можат да се прифатат себе.
Во нивната позитивна кампања се настојува да се подигне самодовербата на жените и да им покажат дека промените веќе почнале.
Направиле 25 реклами со провокативни, но искрени пораки со кои жените сакаат да порачаат дека не треба да се грижат за килограмите и изгледот.
Фотографиите се правени во вид на насловните страници од познатите магазини, а како модели се јавуваат и слаби и дебели и млади и стари жени.
На жените им е доволно од споредби и натпревари, играње игри и наметнувања, што е добро а што не е.
Новите стандарди ги создаваме сами, а не нашите пропорции на телото. Во тој нов свет знаеме дека ние сме многу повеќе од нашиот надворешен изглед, конфекциски број и обликот на телото.
Целта е да се создаде нова културна позадина на убавината.
Ова се дел од пораките на нивната кампања:
1. Никој никого не задоволува. На слабите жени им се приговара за сè што подлежи на трендовите, а всушност не се знае што се крие зад нивната фигура.
2. На насловните нема доволно Афроамериканки, позастапени се белите девојки.
3. Девојките кои се на диета и настојуваат да ги изгубат килограмите постојано нè бомбардираат.
4. Кога ќе застанете пред некоја фотографија и ќе се запрашате, дали навистина верувате во тоа што се прикажува?
5. Многупати сме наишле на фотографии за кои сме убедени дека моделите изгледаат совршено, без да знаеме зошто, но веруваме затоа што таквата перцепција ни е наметната.
Погледнете уште 5 плакати со моќни пораки од оваа кампања, на следната страница...