Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи
Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не се послушни добиваат ќотек, а татковците ги заменуваат своите ќерки за стока. Кои се чудните обичаи на народот Масаи?
Масаи е народ од источно-суданското семејство на народи. Околку 300.000 припадници на овој народ живеат во Кенија и Танзанија.
Поради нивните традиција, обичаи и начин на облекување, како и нивните престојувалишта во близина на многу национални паркови за дивеч во Источна Африка, Масаите се меѓу најистакнатите етнички групи во Африка и се меѓународно познати по нивните врски со националните паркови и резерватите за дивеч.
Неколку факти за животот и културата на овој народ:
Го негуваат патријархатот
Мажите и старешините кај Масаите ги носат сите важни одлуки за племето.
Богатството на човекот го мерат според бројот на деца и добиток што го има. Што повеќе - толку подобро.
Нивната исхрана традиционално се состои од сирово месо и млеко од добитокот (за време на суша консумираат и крв).
Кожата од животното се користи за производство на мебел, а коските ги користат за правење алатки.
Масаите се облекуваат во платнени наметки познати како „шука“.
Тие имаат живописна култура на музика и танц.
Церемонија за одбележување полнолетство
За мажите важи правилото – првото свое дете ѝ го даваат на својата мајка, кое треба да ѝ служи како слуга (значи детето живее со својата баба, а не со својата мајка).
Масаите традиционално одржуваат церемонии за „полнолетство“, a полнолетните се канат на забавата со рог од антилопа.
Таквите церемонии траат десет или повеќе дена и вклучуваат многу пеење, танцување и флертување.
Сепак, традицијата на Масаите се има променето во последниве години.
До неодамна, убиството на лав со копје бил услов за момчињата кои сакаат да станат воини на Масаи, но убивањето на овие животни веќе е забрането.