Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи
Кравите ги сметаат за богатство
Културата на Масаите е фокусирана на верувањето дека нивниот врховен бог го создал добитокот специјално за нив, како и дека тие се чувари на целиот добиток во светот.
За Масаите, животот се врти околу одгледување големи стада крави (во помала мера и кози).
Покрај тоа што се примарен извор на приход на племето (со животните се тргува за други производи или готовина), тие исто така играат важна улога во заедничкиот живот на Масаите.
Семејствата и клановите формираат сојузи преку размена на добиток, а консумирањето на месото и млекото на кравите се смета за свет чин, кој ги врзува за нивниот творец.
Жените немаат никакви права
Припадничките на понежниот пол се земаат во голема брачна заедница да градат куќи, да готват и да се грижат за децата и стоката која е често повеќе ценета од жените.
Ако лидерот на домот посака нов предводник на стадото овци или кози, тој нема да понуди пари за него, туку на сопственикот ќе му понуди една од неговите жени.
Ако не му се допадне ниедна од жените, ќе му биде понудена и една од ќерките или бебе кое сѐ уште е во утробата на мајката.
Девојките се мажат за старци на 13 години.
Насилството врз жените е нормално
Суровиот начин на постапување со жените вклучува и тепање доколку тие прават нешто што не е според правилата кои ги поставуваат исклучиво мажите.
Прво ги тепаат, а потоа им даваат лој да се намачкаат и да ги санираат раните, затоа што некој мора да ја измолзи стоката или да подготви ручек.
Ниту момчињата не се поштедени
Ритуалот на обрежување кај момчињата се изведува без никаква анестезија, а ако плачат - ќе бидат исмејувани до крајот на животот.
Најбестрашните меѓу нив можат да се пријават да бидат дел од советот на старешини или за позицијата шаман, кој е единствениот кој има дозвола да предвидува и да ги лекува неговите сонародници на традиционален начин.
С. Ш. | Црнобело / фото: pixabay.com