Креативни начини да ги сместите вашите книги

Книгите покрај тоа што ни ја топлат душата, ни овозможуваат посебно уживање и задоволство,  може да бидат и креативно катче во домот. Книгите се дел од оние работи кои не се трошат и не се заменуваат, туку само се намножуваат и се чуваат. Па, како одминува времето, така сè повеќе имате книги, а сè помалку простор за да ги сместите.

kreativni-nacini-da-gi-smestite-vasite-knigi-01

За да не дозволите да настане хаос  и да се затрупате во хартија и прашина, откријте неколку начини, како креативно да ги организирате на неколку места низ домот и да добиете интересен изглед на просторот, а при тоа и практичен.

На масичката за кафе

Можеби мислите дека е несоодветно или нефункционално, но се лажете. Ова може да биде одличен начин за да го разубавите просторот и да го направите подинамичен. Во комбинација со некое цвеќе во ваза ќе му дадете смел и софистициран изглед. При тоа оставате впечаток на образована и начитана личност, а нема гостин кој нема да биде љубопитен да ѕирне некоја од нив.

kreativni-nacini-da-gi-smestite-vasite-knigi-1


Пополнете ги чудните и празни места

Секој има свој стил и не вреди да му се наметнува нешто што не му одговара. Ваквиот предлог може да им се допадне на оние кои се малку поинакви и поспецифични или опседнати со ретро стилот. Местата кои се останати како дупки на ѕидот, оние празни простори помеѓу два елемента или места кои изгледаат чудно, а не сте имале досега што да им ставите се вистинските за вашите книги.

kreativni-nacini-da-gi-smestite-vasite-knigi-2


Креативен неред

Книги, магазини, списанија сето оние што ви се веќе стопати прочитани, но не сакате да ги фрлите, искористете ги на креативен начин. Наредете ги едно врз друго во облик и висина на масичка, потпрете ги до ѕидот и слободно врз нив ставете предмети кои ги употребувате, а тие ќе ви служат како интересен потпирач.

kreativni-nacini-da-gi-smestite-vasite-knigi-3


Подлога за украси

Имате некои ситни детали и фигури кои сакате да ги истакнете на полиците, но да не ги поставите сами? Најдобар начин е да ги искористите книгите како подлога со која ќе ја добиете потребната висина и ќе ја украсите полицата.

kreativni-nacini-da-gi-smestite-vasite-knigi-4


На скалите

Одлична идеја за оние кои имаат внатрешни скали во домот. Најубав детаљ со кој веднаш ќе го привлечете вниманието и ќе му дадете посебен шарм на домот, се книгите наредени по рабовите на скалите. Дури понекогаш може да ги искористите и како место за седење и читање, како во библиотека.

kreativni-nacini-da-gi-smestite-vasite-knigi-5

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби н...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg