80-годишна бабичка ги крена сите на нозе со своето танцување во „Britain’s Got Talent“
Педи Џонс е 80-годишна супербабичка, која ги водушеви сите со своето танцување во шоуто „Britain’s Got Talent“.
Педи настапи со својот помлад партнер Нико. Салса танцот почна бавно и строгиот Сајмон веднаш гласаше против нив.
Но, она што следеше ги шокираше сите. Кореографијата стана неверојатно возбудлива и толку динамична, што би била проблем и за помлади танчери, а не пак за бабичка од 80 години.
Педи покажа што може и што умее. Сите со воодушевување ги следеа нивните движења. А жирито кое беше на почетокот скептично остана без зборови.
На крајот сите го наградија со бурен аплауз настапот на Педи и Нико, а двајцата натпреварувачи беа директно испратени во полуфиналето на шоуто за таленти.
Не пропуштајте да го погледнете настапот: