Како полесно да донесувате тешки одлуки?
Неодлучноста е проблем на многумина. Важно е да сфатите дека иако тешко и бавно донесувате големи одлуки и промени, сепак, постои решение за тоа.
Излезете од рамката, не размислувајте со „да – не“, туку бидете креативни во пронаоѓањето на сите можни опции.
Големи и мали одлуки
Без разлика дали треба да одлучите што ќе јадете во денот или дали ќе се преселите во друг град, одлуката треба да биде заснована на информациите кои ви ги дава вашето тело. Тоа се вашите нагони и емоции. Најдобро е да ги послушате своите емоции.
Метод на случаен избор
Бирате помеѓу две нешта и немате решение? Напишете го секој избор на ливче и без да гледате одберете едно. Кога ќе го видите одговорот ќе се почувствувате задоволно или незадоволно. Тие емоции говорат што навистина сакате.
Што ако постојано грешите?
Често ви се случува една иста греша да ја повторувате. Грешките при одлучувањето се автоматски. Решението е создавање процес со чија помош ќе донесете важна одлука. При одлучувањето важно е секогаш да ја гледаме големата слика и последиците кои може да настанат од донесената одлука.