Вистинските тајни на долгите и среќни бракови
Ако сте во брак или планирате да бидете еден ден, веројатно се прашувате дали ќе успеете да бидете среќни толку долго како вашите родители или баби и дедовци.
Звучи неверојатно кога ќе слушнете дека некои парови се заедно повеќе од 30 години, а вие не можете да издржите ни ден без да се скарате со партнерот.
Сигурно помислувате дека е невозможно да бидете со некој толку многу години. Но, овие неколку парови се доказ дека тоа навистина постои и дека треба да верувате во вистинската љубов.
Секој пар ја споделува својата тајна за долг и среќен брак која може да ви помогне.
Jenny и Manny DaSilva (65 години во брак)
„Кога си легнувате навечер, без разлика колку сте лути или тажни, не мора ништо да си кажете, но секогаш, секогаш допрете си ги стапалата. Тоа е само мало потсетување дека јас сум овде и те сакам без разлика на сè“.
Mary и John McFeely (60 години во брак)
„На твојата сопруга секојдневно кажувај ѝ колку е убава, без разлика колку е стара, неподвижна, колку ве болат коските или колку заби ви останале. Танцувајте полека и бакнете се секогаш кога имате можност. Никогаш не знаете дали некој следен пат повторно ќе можете“.
Ummugul и Fikri Tatlici (62 години во брак)
„Не држете лутина. Заборавете, простете и потсетете се кога се вљубивте првпат еден во друг“.
Vito и Dee Dee Lonero (54 години во брак)
„Му дозволувам тој да биде главен во првите 50 години, па јас ги добивам следните 50 години“.
Robert и Laura Wilkinson (57 години во брак)
„Заборавете како општеството гледа на бракот денес. Ние сме во него за да останеме долго заедно“.
Helen и Joseph Pfeifer (57 години)
„Секогаш бакнувајте се пред да си легнете, дури и ако сте лути. Тоа ќе ви недостига најмногу, ако не го направите“.
Agnes и Harry Hutfles (60 години во брак )
„Само давајте, давајте и давајте“
Jean и Paul Vagianos (30 години во брак)
„Пронајди го твојот најдобар пријател и венчајте се. Утрата во викендот се создадени за долги разговори и многу смеење додека пиете кафе“.