Подгответе: Плазма сладолед
Омилениот детски вкус овој пат подгответе го поинаку од вообичаено. Потребни ви се неколку едноставни состојки и 15тина минути време. Со малку вложен труд ќе добиете десерт кој со задоволство ќе го поделите со најблиските.
Потребно ви е:
- 2 шлаг пени со вкус на слатка павлака
- 200ml млеко
- 3 јајца
- 200g шеќер
- 200ml кисела павлака
- 100g мелена Плазма
Подготовка:
Изматете го шлагот и млекото, околу 5 минути, а потоа во посебен сад изматете ги јајцата со шеќерот. Двата крема соединете ги и во нив додајте ја павлаката. Измешајте ја мелената Плазма при самиот крај.
Претурете ја смесата во калапи за замрзнување и оставете ги да постојат неколку часа.
Кога ќе го служите, Плазма сладоледот може да го комбинирате со свежи јагоди, цреши, овошен сируп, шлаг, чоколаден прелив или суво овошје.