Направи сам: Креативно користење на старите машки кравати

Кога вашата посилна половина ќе престане да носи некоја кравата, не се залетувајте веднаш да ја фрлите. Размислете на нејзината втора употреба и ќе се зачудите колку новитети може да создадете со малку креативност.

kreativno-koristenje-na-starite-maski-kravati-01

Еве неколку идеи кои ќе ве инспирираат:

Направете летна огрлица така што дрвените или пластични топчиња ќе ги обложите со материјал, а во секој меѓупростор може да заврзете по еден чвор.

На крајот, завршете ја огрлицата со голема, прекрасна машна. Идеален дезениран накит за летните денови!

kreativno-koristenje-na-starite-maski-kravati-02

Футролата за мобилен е наједноставната преобразба на краватата. Пресечете ја краватата на половина, зашијте го долниот дел, а на горното врвче додадете мало копче или лепенка која лесно ќе ја залепите кога ќе ја преклопите футролата.

kreativno-koristenje-na-starite-maski-kravati-03

Мини приврзокот во вид на кравата е одличен избор за секој маж кој постојано ги губи клучевите од автомобилот или станот. Искористете го материјалот и сошијте едно вакво слатко приврзоче.

kreativno-koristenje-na-starite-maski-kravati-04

Шарените перници се супер идеја за освежување во домот. Неколкуте стари кравати со интересни дезени зашијте ги како еден материјал со кој ќе ја обложите веќе постоечката декоративна перница.

kreativno-koristenje-na-starite-maski-kravati-05

Украсното венче е исто така супер креативен, женски проект. Од целиот материјал со кој располагате, исечете една долга лента и обложете некое обично венче, а од преостанатиот материјал сошијте цветче или машна, кое со само неколку копчиња и монистри ќе се претвори во одличен моден додаток.

kreativno-koristenje-na-starite-maski-kravati-06

Украсете ја едноставната маичка така што ќе го обложите делот околу вратот и деколтето. Завршете со некој интересен брош или копче, како на сликата.

kreativno-koristenje-na-starite-maski-kravati-07

Ламбата ќе добие нов изглед доколку капата ја обложите со шарени кравати во силни бои. Залепете од внатрешната страна и зацврснете со материјал или шарено ластиче.

kreativno-koristenje-na-starite-maski-kravati-08

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
9 совети за безбедност за кога мислите дека некој ве следи Влезете во продавница каде што има луѓе, а пред влезната врата од домот ставете ...
Маки со косата што им се познати на сите жени, низ илустрации Чистењето на одводот по туширање е неизбежно за жените со долга коса, а оние со ...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg