Единствената куќа со домашен водопад
Прекрасната куќа наречена Fallingwater е сместена во длабока шума, скриена далеку од градската бучава. Но, тука има еднo малку поинаквo и погласнo жуборење кое не се опишува со зборови.
Оваа импресивна куќа е изградена уште во 1936 година, но неколку децении подоцна е реновирана и претворена во вистинско ремек дело во склоп со природата.
Нејзината местоположба е идеална, камената фасада сосема се вклопува во природната средина во која се наоѓа. Ентериерот е по малку ладен и едноставен, токму каков што се очекува да биде за една планинска куќа.
Уживањето и моќниот звук изгледа е непроценлив, бидејќи за оваа градба никогаш не била позната материјалната вредност.