Креативно користење на летните пешкири
Ова лето ви предлагаме да се забавувате со пешкирите, наместо да ги чувствувате како неопходен товар која мора да го носите со вас. Пронајдовме неколку одлични идеи за корисни и необични нешта кои можете да ги користите за време на летото.
Инспирирајте се и направете лежалка, торба, фустанче... Погледнете и задолжително обидете се, бидејќи сигурни сме дека овие идеи ќе ве воодушеват.
Торба лежалка - Пешкирот претворете го во едноставна и удобна лежалка во само неколку чеокори. Една мала перничка обложете ја со пешкир од двете страни, а останатиот дел замотајте го во вид на ролна. Зашијте 2 рачки кои кога ќе ги фатите во раката ќе го претворат пешкирот во интересна торба. Уште ако зашиете неколку џепчиња од страна? Идеално...
Пешкир ранче за на плажа - Меканото ранче е идеално за најмладите кои секојдневно сакаат со себе да ги носат своите играчки, ластичиња за коса, очила за нуркање... Исечете го пешкирот во форма на квадрат, направете две еднакви парчиња по големина и сошијте ги од три страни. Од останатиот материјал направете прерамки и мекото ранче е подготвено за на плажа!
Пончо за после бањање – Идеално е за сите оние кои кога се мокри сакаат да се стуткаат во пешкирот додека не се исушат. Во средината на пешкирот исечете една линија голема 20тина сантиметри, колку да можете да ја протнете главата. Зашијте некој интересен материјал од двете страни на линијата и обичниот пешкир ќе го претворите во бањарка - пончо.
Торба за на плажа – Пешкирот кој веќе ви делува подизбледено претворете го во рачна торба за на плажа, на истиот принцип како ранчето. Со таа разлика што рачките ќе ги зашиете на местото каде што ќе оставите отвор, а по желба може и да сошиете неколку копчиња или патент.
Несесер – Со само неколку превиткувања и посебни шиења на џепчињата, обичниот пешкир ќе го претворите во совршен несесер каде што ќе ја складирате козметиката. За почеток превиткајте една третина од пешкирот и странично шијте ги џепчињата за да ги разделите. На крајот, додадете неколку нитни за да може да го затворите и спакувате.