Направете сами: Модерен лустер
Никако да најдете совршен лустер кој ќе се вклопи во вашиот ентериер? Што ако можете самите да го направите за само неколку минути?
Овој проект нема да ви одземе ниту време ниту премногу парични средства, а ќе изгледа отмено, свежо и модерно.
Потребни ви се неколку клопчиња коноп, течно лепило, еден голем балон или топка која се издишува.
Најпрво обложете ја топката со лепило или пак конопот натопете го во лепилото пред да продолжите понатаму. Користете ракавици доколку ја одберете втората варијанта.
Надувајте го балонот или топката толку колку што ќе сакате да биде широк лустерот. Врз балонот започете да го мотате конопот во различни правци и создавајте мрежа која се преплетува. Оставете мала дупка каде што ќе можете да ја протнете раката за да ставите сијалица. По потреба поминете со лепилото уште еднаш откако ќе го намотате целиот коноп.
Почекајте да се исуши неколку часа, а потоа дупнете го балонот или издишете ја топката. Низ просторот кој го оставивте извадете го балонот или топката и по желба испрскајте ја мрежата со спеј за зацврстување.
Закачете ја мрежата над вашата сијалица и имате потполно ново парче мебел.