6 неочекувани навики поради кои никогаш не сте доволно наспани
Вежбате навечер и носите несоодветни пижами – кои навики можат да имаат негативно влијание врз вашиот сон, а сепак не би се посомневале во нив?
Знаеме дека користењето телефон или пиењето кафе пред спиење може да има негативно влијание врз сонот.
Но, постојат и други, помалку очигледни работи, кои можат да го намалат квалитетот на вашиот сон.
Седум неочекувани навики кои ви го нарушуваат сонот:
Си легнувате веднаш штом си дојдете дома
По напорен ден на работа, веројатно единственото нешто што сакате да го направите е да си легнете.
Но, ако завршувате со работа околу 16 часот, најдобро е да избегнувате да дремете откако ќе си дојдете дома.
Ако, пак, завршувате подоцна, немојте веднаш да одите на спиење.
Одвојте барем половина час за некоја друга активност, како лесна вечера, читање или медитација.
На овој начин ќе заспиете побрзо кога ќе си легнете.
Пиете зелен или црн чај пред спиење
Зелениот и црниот чај содржат кофеин, што значи имаат ист ефект како кафето ако ги пиете пред спиење.
Доколку сакате шолја чај навечер, многу подобар избор се камилица и лаванда кои помагаат во релаксирањето.
Не обрнувате внимание на ќебето
Ќебето има огромно влијание врз квалитетот на сонот.
Ако е многу дебело или направено од синтетички материјали, во текот на ноќта ќе се испотите и ова дефинитивно ќе ве разбуди.
Ако, пак, е многу тенко, во текот на ноќта може да ви застуди, а ова ќе има влијание врз квалитетот на вашиот сон.
Вежбате навечер
Можеби ви се чини логично да вежбате навечер – ќе ја истрошите енергија и полесно ќе заспиете.
Но, вежбањето може да го стимулира мозокот, па дури и да ве расони, што значи дефинитвно ќе имате проблеми со спиењето.
Ако сакате да се раздвижите пред спиење, одете на прошетка или направете некоја полесна јога вежба, без премногу да се оптоварувате.
Не појадувате
Некои истражувања покажале дека прескокнувањето на појадокот може да предизвика несоница и други проблеми со спиењето.
Покрај тоа, прескокнувањето на појадокот може да има влијание и врз нивото на стрес и целокупното здравје, а со тоа и врз сонот.
Носите несоодветни пижами
Како ќебето, важни се и пижамите.
Осигурете се дека се од природни и меки материјали, како и дека со нив нема да ви биде премногу топло или премногу студено.
Во лето, пак, можеби најдобро е да спиете и само со долна облека.
Спирова С. | Црнобело