Подгответе: Домашно Фереро колаче
Во овие топли летни денови, доколку имате малку слободно време, направете слатко задоволство за вас и вашите најблиски. Ви гарантираме - тешко ќе му одолеат.
Состојки за пандишпан
- 5 јајца
- 100 грама чоколадо
- 150 грама шеќер
- 70 грама брашно
- Еден ванилин шеќер
- 30 грама лебни трошки
- 3 лажици мелени ореви
- 70 грама путер
- Еден прашок за пециво
Состојки за фил
- 50 грама маскрапоне сирење
- Пола литро слатка павлака
- Нутела по желба
- 100 грама грубо мелени лешници
- 100 грама сечкани наполитанки
Состојки за прелив
- 200 грама чоколада за готвење
- 2-3 лажици масло
- 1dl топло млеко
- 4 лажица какао
Стопете ги путерот и чоколадото на пареа и оставете да се изладат. Во голем сад измешајте ги жолчките заедно со шеќерот, па додајте брашно, прашок за пециво, лебните трошки, растопеното чоколадо и белките. Пренесете ја смесата во тава и печете на 200 степени околу 30 минути.
Кога ќе се испече пандишпанот, оставете го да се олади па исечете го на три дела и преминете на подготовка на филот. Измешајте ја слатката павлака, сирењето и нутелата, ама немојте да претерувате. Во меѓувреме направете чоколаден прелив од останатото чоколадо, какао, масло и млеко.
На крај изберете соодветна чинија на која ќе го припремите колачот. Постапката е едноставна. Првиот дел од пандишпанот го премачкувате со филот и врз филот нанесувате слој од исецканите лешници и наполитанки. Над него додајте го вториот дел пандишпанот па за третиот повторувајќи ја постапката.
Декорирајте по желба, и уживајте.