Дете генијалец изработило подморница од пластика

Еден креативен англиски тинејџер успеа да направи потполно функционална подморница од пластични делови кои не можеле никако да се искористат.

dete-genijalec-izrabotil-podmornica-od-plastika-01

Џастин Бекерман кој има 18 години поминал цели 6 месеци во настојувањето на направи подморница со која безбедно ќе може да се движи по вода, а целиот проект го чинел околу 1.300 фунти.

Подморницата ја нарекол Наутилус, а по нејзиното презентирање за јавноста Џастин бил именуван како младиот Мекгајвер, човекот кој доста инвентивно ги користи нештата од секојдневниот живот.

Наутилус ја движи мал мотор за чамец, телото на подморницата е направено од лесна пластика и водоводни цевки, додека куполата на ова необично превозно средство е направено од дел од светилник.

Младиот Џастин успешно ја истестира својата подморница во едно езеро и потполно е сигурен дека и понатаму ќе ги открива водените површини благодарение на овој негов изум.

Би можело да ве интересира:

Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Елитата во Холивуд пие крв, Џастин Бибер е рептил – Најлудите теории на заговор за славните Некои луѓе веруваат дека повеќето светски ѕвезди се клонови направени во лаборат...
Родителите ја изгладнувале, успеала да ги спаси 12-те браќа и сестри – Потресната приказна на инфлуе... ТикТок ѕвездата Џордан Турпин успеала да ги спаси нејзините 12 браќа и сестри од...
Милијардери кои не успеаја да си ја купат слободата и завршија во затвор Елизабет Холмс ја споредуваа со Стив Џобс и таа беше прогласена за најмладата же...
Што да правите, а што не ако почне да грми кога сте на плажа? Немојте да се криете под шатор или тенда и ако во близина нема затворен простор,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg