Пиво во лименка или шише?

Звукот на отворање на лименка пиво е звук кој во истиот момент создава желба да се земе голтка од пијалакот, но повеќето фанови на пиво ќе ви кажат дека пивото е вистински вкусно кога доаѓа во стаклена амбалажа.

pivo-vo-limenka-ili-shishe-1

Во прилог на тоа зошто стаклената амбалажа е подобра од лименката многумина одговараат дека првично шишињата поубаво и попривлечно изгледаат кога се наредени на полиците во маркетите. Формата на пивското шише може да варира и постојано да изгледа софистицирано, додека лименката нема многу варијации во изгледот.

Меѓутоа, ако сакате да вкусите квалитет, треба да знаете дека лименката е далеку подобра опција од стаклото. Иако и шишињата се херметички затворени како и лименките, сепак на вкусот на пивото може да влијае и светлината која стаклото ја пропушта.

Светлината му штети на вкусот на пивото, бидејќи ако шишето е подолго време изложено на светлост пивото добива непријатен мирис. Токму заради тоа повеќето пивски шишиња се темно кафени или зелени, но светлината и понатаму пробива.

pivo-vo-limenka-ili-shishe-3

Од друга страна тенкиот лим совршено ја блокира светлината.

Лименките, исто така се многу поевтини за транспортирање и можат лесно да се рециклираат. Ако се случи да ви испадне лименката од раце, таа нема да се искрши на парчиња.

Токму поради овие причини некои светски компании почнаа да произведуваат и шишиња направени од лим.

Па, ако бар малку се грижите за планетата, но и до вкусот на вашето пиво, лименката е единствено решение. Ако сепак не сакате да пиете од конзерва, секогаш можете да си го сипете во стаклена амбалажа – чаша.

Па кој тип на пивоман сте вие? Лименка или шише?

Би можело да ве интересира:

6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg