Млади музичари го исмеваат Фејсбук
Група млади уметници од Њујорк изработуваат музички спотови и иронични текстови на разни теми од секојдневието. Последна мета на нивно исмевање е Фејсбук.
„Фејсбук, Фејсбук, морам да си проверам Фејсбук! Морам да видам што прават пријателите и да го следам бившиот...“ – се само дел од стиховите на ова популарно видео наречено „Facebook The Musical“, а на YouTube го постави групата „AVbyte“- млади музичари од Америка.
На шармантен начин, интересен пристап и многу иронија и метафора во своите текстови, оваа група успешбо се пробива на музичкиот пазар во Америка.
Погледнете го видеото во кое се исмева т.н. живот на Фејсбук и запрашајте се дали и вам денот ви поминува проверувајќи го вашиот Фејсбук профил.