Кока-Кола во растително шише
Во последно време кога грижата за околината е многу популарна и важна, фабриката Кока-Кола најави производство на нова амбалажа за својот...
... популарен пијалок која барем делумно ќе се точи во еколошка амбалажа. Во составот на новото шише ќе биде шеќерната трска и сирупот.
Оваа амбалажа со сигурност ќе претставува револуција во производството на еколошка амбалажа.
Кока-Кола новата амбалажа најпрвин ќе ја тестира во Северна Америка, а во новите амбалажи ќе се нуди природната вода Дасани и некои други витамински води.
Во составот на новата амбалажа ќе биде и до 30% биоразградлив материјал кој се добива од шеќерната трска и шеќерниот сируп, кои остануваат од производството на шеќер.
Во поново време многу производители сакаат да користат еколошко пакување за своите производи. Конкурентските компнаии Пепси и Нестле воведоа и полесни шишиња кој користат помалку пластика.