Најлудите работи што можете да ги сретнете во супермаркет во Кина
Месо од крокодил, но и бесплатен автобуски превоз до вашиот дом – што можете да очекувате во супермаркетите во Кина?
Кинезите имаат многу поразлична култура од нашата, нивната кујна драстично се разликува од онаа кај нас и, генерално, имаат поразлични животи.
Па, најобичниот супермаркет во Кина што за нив е секојдневие, за нас може да биде цела авантура.
Кои се најлудите работи што можете да ги сретне во супермаркет во Кина?
Месо од крокодил
Крокодилското место се користи во традиционалната кинеска медицина, а истовремено е и познат специјалитет.
Оние што го пробале, велат дека има сличен вкус како пилешкото.
Живи жаби
И жабите се специјалитет во кинеската кујна, а луѓето ги купуваат живи за да се осигурат дека се свежи.
Огромна количина ориз
Оризот е една од главните намирници во кинеската кујна.
Па, не им се исплаќа да го купуваат во мали амбалажи како ние.
Во поголемите маркети низ Кина, оризот се продава рефус, како на фотката подолу.
Огромни кутии млеко
Вака спакуваното млеко во кинески маркети има подолг рок на траење и наводно нема потреба да се чува во фрижидер.
Бесплатен автобуски превоз
Некои супермаркети во Кина нудат бесплатен автобуски превоз од продавницата до вашиот дом.