Кои се највисоките градби на секој континент?

Бурџ Халифа, со своите 828 метри, е највисоката градба во Азија, но и во светот. Знаете ли каде се наоѓа највисоката градба во Европа?

koi-se-najvisokite-gradbi-na-sekoj-kontinent-01.jpg

Првиот облакодер во светот бил завршен во 1885 година, во Чикаго.

И претходно се правеле релативно високи згради, но за овој облакодер првпат се користела челична и железна арматура.

А, оттогаш луѓето почнале да градат огромни згради.

Па, кои се највисоките градби на секој континент?

Јужна Америка

Највисоката градба во Јужна Америка е облакодерот Gran Torre Santiago кој се наоѓа во Чиле.

Градбата е висока 300 метри и има 62 ката.

koi-se-najvisokite-gradbi-na-sekoj-kontinent-02.jpg

Австралија

Кулата позната како Q1 е највисоката градба во Австралија.

Облакодерот е висок 322,5 метри, има 78 ката и од 2005 до 2011 беше највисоката зграда во светот.

koi-se-najvisokite-gradbi-na-sekoj-kontinent-03.jpg

Африка

Облакодерот познат како Iconic Tower се наоѓа во Египет и е највисоката градба во Африка.

Висок е 400 метри и има 77 ката.

koi-se-najvisokite-gradbi-na-sekoj-kontinent-04.jpg

Европа

Телевизиската и радио кула позната како Ostankino е највисоката градба во Европа.

Се наоѓа во Русија и е висока 540 метри.

koi-se-najvisokite-gradbi-na-sekoj-kontinent-05.jpg

Северна Америка

Комуникациската кула нарекувана CN Tower која се наоѓа во Канада е највисоката градба во Северна Америка.

Висока е 290 метри.

koi-se-najvisokite-gradbi-na-sekoj-kontinent-06.jpg

Азија

Во Азија се наоѓа највисоката градба во светот и веруваме дека знаете за која станува збор.

Бурџ Халифа во Обединетите Арапски Емирати е висока дури 828 метри.

koi-se-najvisokite-gradbi-na-sekoj-kontinent-7.jpg

Антарктик

На Антарктикот не живеат луѓе и единствените градби се за научни експедиции.

Па, двете највисоки градби, кои се идентични, имаат 15 метри и се користат за научни експерименти.

Двете градби се поставени на огромни скии и можат да се преместуваат, а се во сопственост на САД.

koi-se-najvisokite-gradbi-na-sekoj-kontinent-8.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Фотки што ќе ве разгневат – Луѓе кои живеат со „цимер од пеколот“ Не си ги мие садовите, не ги фрла кутиите од пица, чека некој друг да му ја собе...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg