10 видови невести заради кои мразиме свадби

Свадбите би требало да се ден кога двајца се заколнуваат на вечна љубов, со поддршка од родителите и пријателите. На кратко, свадбата би требало да биде среќен настан за сите присутни. Па сепак, има и такви кои кога ќе добијат покана за свадба, во истиот момент добиваат и мигрена. Зошто?

10-tipa-na-nevesti-zaradi-koi-mrazime-svadbi-4

Кои се тие ситуации, заради кои многу луѓе не сакаат да одат на свадба?

1. „Ти си следна невеста“

Тоа е онаа невеста која не заборава сите свои гостинки да ги праша колку години имаат и при тоа да се чуди зошто се уште не се во брак. Таквата невеста знае да почне да го имитира чукањето на часовникот, асоцирајќи и на гостинката дека нејзиното време истекува, а шлаг на тортата ќе биде кога ќе и се понуди да го фрли бидермаерот во нејзини раце. Тоа што можеби кутрата гостинка воопшто не сака да се мажи или има рационална причина за нејзиниот статус – досадната невеста не ја интересира.

2. Трудна и пијана невеста

Госпоѓа Невеста со стомак во поодмината бременост, цигара во рака и чаша шампањ е добар пример за свадба на која радо не би се појавиле. Отечените труднички гради и фустанот кој го избрала во трети месец (а сега е во осми) се само детали кои ја надополнуваат сликата. На коментарите дека не треба да пуши и пие, таа ќе ви каже дека нејзината мајка го правела тоа во текот на цела бременост и дека на нејзе ништо не и фали.

10-tipa-na-nevesti-zaradi-koi-mrazime-svadbi-6

3. Промискуитетна невеста

Онаа невеста која била популарна во тинејџерските години, а веројатно имала врска и со сегашниот кум. Но, кој да се сеќава на тоа?

4. Невеста која си игра „музичко столче“

Својата одлука за брак ќе ви ја објасни како „Не сакав да останам сама, па кога музиката престана, седнав на најблиското столче“.

10-tipa-na-nevesti-zaradi-koi-mrazime-svadbi-2

5. Каква врска има љубовта со тоа???

Тоа е вашата сосетка од 15 години, која се мажи за богат 50 годишен чичко. Таа вели дека го сака, а нејзиниот тажен татко седи на страна и не му е јасно како тоа до вчера и купува барбики на својата малечка, а денес свадбена торта... Каква врска има љубовта со ова?

6. Невеста заради одмазда

Тоа е онаа девојка која се мажи за да му покаже на бившиот што пропуштил. Нормално, на свадбата е повикан и тој, а младоженецот нема појма кој е тој лик. Сценариото каде бившиот сфаќа дека ја губи засекогаш и ја краде од пред олтар не се остварува, а наместо тоа тој завршува со деверушата, а кутрата невеста во несреќен брак.

10-tipa-na-nevesti-zaradi-koi-mrazime-svadbi-1

7. Wi – Fi невеста

Прв услов за местото каде ќе се одржи свадбата е да има Wi – Fi конекција. Месеци пред да дојде тој ден бомбардира со статуси и одбројува на сите можни социјални мрежи. По свадбата става 1000 слики каде таа во невестински фустан е во преден план.

8. Анти невеста

Тоа е онаа невеста која мрази невести, венчавања и патетики до таа мера што и нејзината свадба станува патетична. Таа јасно ви кажува дека ова го прави заради „нејзините“ и дека не оди по свадби.

10-tipa-na-nevesti-zaradi-koi-mrazime-svadbi-3

9. Невеста по трети пат

Невеста на која ви здодеа да и купувате подароци. Таа нема проблем со тоа што се венчава по трети пат, бидејќи овој фустан и е поубав од претходните два. Сватовите веќе се кладат колку ќе и трае овој брак.

10. Несудена невеста

Тоа е онаа која е во врска 100 години и од 2003та кажува дека наредната година ќе се мажи. Ги има испробано сите фустани во градот, а свадба се уште не.

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Екстравагантна свадба во Швајцарија е како ледена бајка: Невестата „смрзната“ во коцка мраз, ангел л... Невеста „замрзната“ во коцка мраз, маж преправен во ангел кој „лета“ над младенц...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg