9 нешта кои не ги знаевте за “Friends”
Сите ја сакавме серијата која знаеше да не насмее до солзи. Шесте главни ликови со уште неколку пропратни навистина си ја завршија работата и оставија трага сè до ден денес.
Но, и покрај тоа што мислевте дека ги знаевте сите детали околу оваа хит серија, сепак овие 9 факти се сосема непознати за широката јавност.
1. Првата оценка на ова хит шоу била доста слаба неколку месеци пред да се емитува првата епизода до степен што имало половично полни седишта во публиката кога се снимало шоуто.
2. Понудените наслови за оваа серија биле: “Пријатели како овие”,“Преку ходникот”, “Пријатели како нас” или “Инсомниа кафе”.
3. По некоја логика како и сите серии, првата епизода е наречена The Pilot, меѓутоа кај оваа серија решено е секоја епизода до последната да има оригинален наслов каков што и всушност има. Но, со исклучок на последната, која што е наречена буквално “Последната”.
4. Кортни Кокс оригинално требало да ја игра улогата на Рејчел, но во последен момент одлучиле дека подобра би била во улогата на Моника.
5. Кога за прв пат добија чекови, Кортни Кокс купи куќа, додека Мет ЛеБланк купи топол оброк. Тој бил шворц пред да ги земе парите од ова шоу.
6. Кортни Кокс била бремена последните неколку месеци од снимањето на шоуто. Но, толку добро е прикриена, што не би ви паднало ни на памет.
7. Џои го играше Др. Дрејк Рамореи во фиктивната верзија на серијата Days of our Lives. Таткото на Џенифер Анистор, Џон, всушност ја има таа улога во вистинското шоу.
8. Првата епизода од “Пријатели” е снимена во истото студио каде што е снимана и серијата “Сите го сакаат Рејмонд.”
9. Централ Перк кафичот е вистински, сè уште постои и можете да го посетите кога и да отидете во Њујорк.