Чекор по чекор: мафини во облик на пиле
Малото пиле е идеален украс за традиционалниот мафин кој можете да ја украси празничната трпеза. Обидете се да ја совладате оваа вкусна декорација.
Потребни состојки:
4 јајца, 350 г шеќер, 250 мл масло, 200 мл млеко, 500 г брашно, 2 прашоци за пециво, 60 г вишњи.
Добро изматете ги јајцата, шеќерот, маслото, млекото, брашното, па додајте го прашокот за пециво. Хартиените корпи наполнете ги до половина со смесата, па во секоја ставете по едно лажиче исцедени вишни, па преку нив дополнете уште малку од смесата. Мафините се печат 20 минути на 160 степени.
Марципан масата поделете ја на два дела, па едниот со боја за колачи обојте го бело, а другиот жолто. Развлечете кора па со поголема чаша отсечете бели кругови, а со помала чаша направете жолти кругови.
Сварете павлака, па во неа ставете чоколадо. Кога ќе се излади, изматете крем и со него лепете ја декорацијата на мафините. Прво залепете го жолтиот круг, па преку него белиот. Внимателно, средината на белиот круг исечете ја во облик на ѕвезда. Подоцна тој дел ќе ви послужи како капа.
Потоа на ред доаѓаат главата, клунот и чоколадните очи.
И за крај капата!
Уживајте во декоративните мафини со сите сетила!