Подгответе: Црни чоколадни палачинки

Ако сте љубители на палачинки вреди да испробате нешто поинакво – црни палачинки. Еден од омилените десерти на светот, во малку поразлична варијанта.

podgotvete-crni-cokoladni-palacinki-1

Што ви е потребно:

За тестото:

  • 60g чоколадо за готвење
  • 2 лажици путер
  • 3 јајца
  • 45g шеќер
  • Малку сол
  • 320ml млеко
  • Половина ќесичка ванилин шеќер
  • 2 лажици како
  • 150g брашно


За филот:

  • 200g бело чоколадо
  • 250ml слатка павлака
  • 50g шеќер во прав
  • 1 банана
  • 2 киви
  • Неколку јагоди или малини


Подготовка:

Растопете ги путерот и чоколадото на пареа, со постојано мешање, а кога ќе се стопи чоколадото, тргнете ги од оганот. Во голем сад матете ги јајцата, додадете шеќер и сол, млеко, ванилин шеќер, брашно и какао. Матете додека да добиете глатка смеса, без грутки. Полека истурајте го стопеното чоколадо со постојано мешање. Смесата оставете ја да отстои половина час во фрижидер, а пред пржење, нека постои малку на собна температура.

Правете ги палачинките во подмачкано загреано тавче. Белата чоколада растопете ја и измешајте ја со изматената слатка павлака и шеќерот во прав. Ставете го филот на палачинките, распоредете го овошјето и уживајте во ова слатко задоволство!

Напомена: Можете да комбинирате и друг тип на фил по избор.

podgotvete-crni-cokoladni-palacinki-2

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Детали од земјите ширум светот кои кријат необични приказни Ако во Шкотска видите црвена влезна врата, тоа значи дека домаќинот го исплатил ...
Фотографии што ќе ве замислат – Урбаниот пекол што си го изградивме сами Огромни сиви згради, валкани улици и ниту едно дрво – како изгледа урбаниот пеко...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg