Ѕирнете во домот на Маноло Бланик (фото)
Дали сте знаеле дека таткото на славниот дизајнер на чевли бил Чех, а мајка му Шпањолка? Дали сте знаеле дека студирал на универзитетите во Женева и Париз, а додека живеел во Лондон пишувал модни текстови за Вог Италија?
Маноло Бланик е човек со широка култура и таленти. Неговата иднина била јасна во моментот кога тој го покажал своето портфолио на тогашната уредничка на Вог, Дајана Вриланд.
Таа му рекла дека тој во животот може да се занимава исклучиво со чевларство.
Господин Бланик, не само што е експерт за чевли, има и одличен вкус за уредување на ентериери.
Пример е неговата вила до Бат, Англија. Направена е во џорџијански стил, во знак на буржоаска елеганција.
Еве како изгледа домот на Маноло Бланик: