Што треба да научите додека наполните 30 години?
Можеби триесеттите години и не се најсериозните или пак најзрелите години, но сепак до тогаш веќе треба да стекнете искуство и да прераснете во зрела особа која конечно научила како да го живее животот.
Ова се најважните 15 нешта кои треба да ги научите пред самото наполнување на 30тата година:
1. Научете како да се заљубите, а притоа да не се загубите себеси.
2. Дознајте каков е вашиот став за децата.
3. Научете како да дадете отказ, да ја прекинете врската или пак како да се соочите со оние кои на било кој начин ве злоупотребуваат.
4. Научете ја границата кога треба да се потрудите повеќе, а кога треба да се откажете и да си заминете.
5. Усовршете го бакнувањето.
6. Морате да ги знаете сите основни информации за вашето место на живеење, политичките институции и начинот на функционирање на општеството кое ве опкружува.
7. Научете како да живеете самостојно, дури и ако тој начин на живот не ви се допаѓа.
8. Дознајте кое место ви буди внатрешен мир и спокој.
9. Прифатете го својот изглед во целост - и предностите и недостатоците.
10. Прифатете го своето минато, вклучувајќи ги и непријатните моменти и личности.
11. Научете кои се работите за кои сте спремни да ги направите за пари или љубов, а за кои не сте.
12. Дознајте точно што ви одговара, а што ви штети во секојдневието.
13. Време е да научите на кој можете да му верувате, а на кој не и зошто да не го земате премногу здраво за готово.
14. Дозволете си самите на себеси да се извините кога е потребно, но и да не се извините ако нешто не е по ваша вина.
15. Научете зошто сите велат дека животот дури започнува во триесеттите.